На социјалните мрежи на страната ТВРДОКОРНИ, беше поставена фотографија од загинатиот полицаец Јованче Лазаревски

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 мај, 2019 11:53

ФОТО: Пријателите се простуваат од него- ова е загинатиот полицаец во несреќата во Драчево

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Порталот ДОСИЕ.МК објави фотографија од трагично починатиот полицаец кој загина вчера во тешка сообраќајна несреќа.

 

Другарите се простуваат од поранешниот полицаец кој загина во реното кај Драчево

На социјалните мрежи на страната ТВРДОКОРНИ, беше поставена фотографија од загинатиот полицаец Јованче Лазаревски познат под надимак Шиљо, кој е една од жртвите во синоќешната сообраќајка а неговите пријатели се простуваат од него. Тие објавија фотографија од човекот кој го возеше реното и изгуби контрола и удри во камион. Со него во возилото беа уште четворица негови блиски.

Несреќата се случи вчера доцна вечерта. Сообраќајната несреќа се случила помеѓу товарно возило марка ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, кое било управувано од М. Ј. (44) од Скопје и патничко возило ‘рено 5’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј. Л. (43) од Скопје. Во несреќата возачот Ј. П. и сопатниците возилото ‘рено’, С. Н., А. Т. (54) од Скопје, Е. Т. (37) од Скопје и И. А. (40) од Скопје починале на местото. Додека, возачот на камионот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција“, соопштија од МВР.

Во сообраќајката настрада поранешен полицаец Јованче Лазаревски, вработен во ПС Драчево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести