Поради неплатената казна за еколошки криминал, на фудбалската легенда Роналдињо му беше одземен меѓународниот пасош во јули годинава. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 март, 2020 10:38

ФОТО: Роналдињо уапсен во Парагвај со лажен пасош

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото спорт1.мк

Поранешниот бразилски репрезентативец, Роналдињо е уапсен денеска во Парагвај. Роналдињно кој беше идол на многу љубители на фудбалот, денес беше уапсен заедно со неговиот брат оберто, кој му беше агент за време на активната кариера.

Поради неплатената казна за еколошки криминал, на фудбалската легенда Роналдињо му беше одземен меѓународниот пасош во јули годинава. 

Инаку тој и неговиот брат биле приведени поради користење лажни пасоши, според кои се идентификувале како Парагвајци. 

За сега се знае само дека Роналдињо бил поканет во Парагвај од сопственикот на казиното, Нелсон Белоти.

Роналдо де Азис Мореира е поранешен бразилски фудбалер кој последниот негов ангажман беше во тимот на бразилскот Флуминезе. Од септември 2016 година тој е официјално амбасадор на неговиот поранешен клуб Барселона.

Роналдињо на португалски значи “мал роналдо“. Ова име Гаучо го избрал само за да се разликува од “стариот” Роналдо Де Лима.

Дојде во тимот на Барселона во 2003-тата година од екипата на Парис Сент Жермен кога имаше само 23 години. Тогашен тренер на Барселона беше Франк Рајкард кој направи одличен избор со доведувањето на Бразилецот во своите редови. Заедно Самуел Ето, беа одличен тандем кој во 2005-тата година постигна 32 гола и ја освоија Лигата на Шампионите.

Во Милан се досели на 16 јуни, 2008 каде што потпиша договор до 2012 година. Бидејќи бројот 10 беше на дресот на Кларенс Сидорф, Роналдињо го избра бројот 80 бидејќи 1980 е година на на неговото раѓање. По првиот натпревар во дресот на Милан, иако не постигна гол, сите беа сведоци дека влегува во одлична форма и дека не заборавил да игра фудбал. Тоа и го покажа на следните натпревари а особено се истакна во натпреварот со Интер кога постигна фантастичен гол со глава и им донесе победа на “Росоњерите” од 1:0 на 28 септември, 2008.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Администрацијата на Тотенхем, чиј стадион е еден од најмодерните во светот, разговараше со официјалните лица за употребата на стадионот.

ПОТЕГ ЗА ПРИМЕР: Тотенхем го понуди својот стадион на здравствените работници за борба против Коронавирусот!

Фудбалскиот клуб Тотенхем го понуди својот стадион на здравствените власти да помогнат...

Имено Роналдово моментот е во карантитн во Мадеира, откако во јавноста излезе веста дека негов соиграч е заболен од Коронавирус.

СЕКОЈА ЧЕСТ: РОНАЛДО СВОИТЕ ХОТЕЛИ ГИ ПРЕТВОРА ВО ПРИВРЕМЕНИ БОЛНИЦИ ВО БОРБА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ!

Кристијано Роналдо кој е познат по својата хуманост и овој пат ја покажа на дело. Имено...

Станува збор за играчите на тимот Патрик Кутроне и Херман Пецела, како и тимскиот физиотерапевт Стефано Даинели.Со овабројот назаразени со Ковид 19 од редовите на Фиорентина порасна на четири.

БРОЈКАТА НА ЗАРАЗЕНИ ФУДБАЛЕРИ ПОСТОЈАНО РАСТЕ: Уште двајца од редовите на Фиорентина позитивни на коронавирус

Денеска преку соопштение екипата на Фиорентина потврди дека двајца фудбалери од тимот...