Македонците кои живеат на територијата на Србија, се вознемирени поради тоа што во документите не стои описот на уставното уредување на земјата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 април, 2019 18:17

ФОТО: Само Северна, без Република во новите пасоши на Македонците во Србија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што објави тв Алфа, во пасошите на Македонците во Србија, во графата на место за раѓање наместо терминот „Република“, стои само „Северна Македонија“.

За Србија Македонија не е Република, во новите пасоши на Македонците кои живеат во Србија стои само Северна Македонија

Македонците кои живеат на територијата на Србија, се вознемирени поради тоа што во документите не стои описот на уставното уредување на земјата.Како што велат не успеале да добијат објаснување зошто, никаде не стои терминот Репубика.

-Зошто го нема полното име? Нашата држава е Република, а не област „Северна Македонија“! Сакаме да знаеме дали е ова правило што произлезе од преспанскиот договор, а не го знаеме? Има ли грешка и каде да ја бараме? Дали српските власти постапиле согласно некаков правилник или договор со македонската страна? прашуваат Македонците во Србија.

На ваквиот потег Македонското министерство за надворешни работи изјави дека се постапува според Преспанскиот договор кој тоа го дозволува и дека во документот може да стои и терминот „Република“ но и немора, а државата во која живеат Македонците сама одбира за тоа.

-Долгата и кратката форма на името на државата се подеднакво валидни. Која од нив ќе биде искористена во конкретен случај (во зависност од просторот кој го имаат во одредена ситуација) е избор на секоја од земјите. Не е во наша надлежност да одговораме за нивните одлуки или решенија во нивните документи. Не постојат договори или правилници од тој тип како што наведувате, велат од министерството за Алфа.

Официјалните имиња на државите ги содржат термините Република, Кралство, Сојузна Република и слично за да се разликуваат географските области а тоа и ја отсликува нивната сувереност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Ги повикувам Саше Ивановски Политико и Миленко Неделковски да ја објават наводната видео или аудио снимка (што ја поседувал Миленко демек), во која Орце Камчев ми дава 25.000 евра во кеш.

ГЕРОСКИ НАЈАВУВА ТУЖБА: Миленко Неделковски има “ВИДЕО” каде Камчев му дава на Героски 25.000 евра во кеш?

Новинарот Бранко Героски вечерва на социјалните мрежи ги повика Саше Ивановски Политико...

Кој го овласти премиерот сам да избира шеф на некое ново обвинителство, прашува Каракамишева.

КАРАКАМИШЕВА: “Заев ја избра Русковска за шеф на СЈО, БЕЗ ОКО ДА МУ ТРЕПНЕ, НИ ВЕЃА ДА МУ МРДНЕ”

Со новото законско решение, СЈО со обвинителите ќе функционираат во рамки на обвинителството...

Обвинителството на 15. месецов отвори истрага против лицата Б.Ј и З.М, кои ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Првоосомничениот Б.Ј го товари и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Двајцата осомничени тргувале со влијание, убедувајќи луѓе кои се дел од истражна постапка дека се моќни кај јавен обвинител. 

КЛОПЧЕТО СЕ ОДМОТУВА: Запленет глисер во сопственост на второосомничениот во „Рекет“

По налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција...

Jас го пренесов мојот став и не ми е воопшто тешко тоа да го кажам сега и јавно, дека ако е тоа проблем, јас се сомневам дека тоа е причината дека јас зад помирувањето гледам амнестија за Заев и неговите, ако е тоа потребно, можам и јавно да кажам дека немам никаква намера и денес и во следните пет години да го амнестирам Зоран Заев ако направил криминал и кого било од неговите блиски соработници во партијата или во Владата ако направиле криминал. Тоа можам да го кажам и да се држам до тоа до крајот на мандатот – вели Пендаровски.

Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев ако направил криминал

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Слободна Европа зборуваше за тоа дека...