Победата се прослави и во собекувалната а заедно со тимот беше и сопственикот на Вардар, господинот Сергеј Самсоненко

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 јуни, 2019 21:18

(ФОТО) САМСОНЕНКО во првите редови ја славеше победата и големото финале на ВАРДАР!

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Вардар ќе игра во големото финале на ЛШ, откако после неверојатен пресврт ја победи екипата на Барселона.

Иако нашите шампиони во еден момент губеа со седум голови разлика (26:19), до крајот на натпреварот направија чудо и победија со резултат 27:29
Победата се прослави и во собекувалната, а заедно со победничкиот тим беше и сопственикот на Вардар, господинот Сергеј Самсоненко кој заедно со играчите го сподели големиот триумф и пласманот во големото финале на Лигата на Шампиони.

Под водство на Самсоненко, РК Вардар стигна до титулата европски шампион во 2017 година, освои 4 титули од регионалната СЕХА лига, додека ЖРК Вардар три пати беше бронзен, а двапати сребрен во големите европски финалиња.

Во сезоната 2013/2014, клубот добил нова раководна структура: Нов сопственик на клубот станал Сергеј Самсоненко, а Михајло Михајловски станал почесен претседател. Како признание на остварените успеси, во 2016 година „Вардар“ ја добил наградата „13 Ноември“ која ја доделува Сојузот на спортови на град Скопје.Вардар отсекогаш бил интересен и за странските играчи и тренери.

Повеќе познати тренерски имиња биле дел од Вардар, како што се: Зоран Живковиќ, Богољуб Периќ, Драган Ѓукиќ, Драган Нишевиќ, Веселин Вујовиќ.

Исто така, клубот го воделе и повеќе домашни тренери, како: Ристо Трпчевски, Лефтер Бошковски, Стојан Петрушевски, Аце Станковски, Љубомир Савевски, Ванчо Јовановски и Кире Ивановски. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.