
Македонија
Вести
По вчерашното пристигнување на Папата Франциск, на скопскиот Аеродром, тој се упати на средба во претседателската Вила на Водно, каде беше пречекан со високи почести.

Тој оствари средба со претседателот Иванов, абеше пречекан и од се уште актуелната прва дама Маја Иванова. Таа го пречека папата во црн елегантен костим, со црно здолниште над колена, но според дрескодот за жените, при посета на Папата, нејзиното здолниште беше прекусо.
Според официјалниот дрескод за жените, кој мора да се почитува доколку остваруваат средба со Папата, се препорачува жените да носат облека во црна боја, фустан или здолниште со едноставен крој, кој мора да ги покрива колената, рацете и рамениците. Препорачливо е да се носи црн вел преку главата, доколку е жешко, тој можа да ги прекрива само рамената.
Накитот, ако се носи, мора е дискретен. Но седум католички принцези во светот, смеат да си дозволат при средба со папата да облечат бела облека, а дозволено е и Папата да се пречека во народна носија од земјата која ја посетува, а секоја друга облека се смета за непочитување.
Но она што неможеше да остане незабележано за медиумите, беа скинатите хулахопки на првата дама Маја Иванова, кои не издржаа и најверојатно пукнаа под притисокот. Првата дама немајки време за да ги смени, така го пречека Папата. Она што “боде очи” на фотографиите според медиумите е прекраткото здолниште, од кое се гледаат колената, и скинати чорапи.
За потсетување, претседателот во заминување, Ѓорѓе Иванов по средбата во претседателската Вила на Водно, му подари на папата резбан албум со авторски фотографии од христијанското културно-историското наследство на Македонија.
Во албумот има 153 фотографии кои биле лично избрани од претседателот Иванов. Фотографиите се укоричени во резба изработена од охридски копаничар. Преку овие фотографии е прикажана милениумската христијанска историја, традиција и уметност во Македонија.
Меѓу нив има ранохристијански мозаици и базилики, средновековни цркви, фрески, икони и ракописи, како и резбани иконостаси од македонските манастири.
За време на средбата претседателот Иванов му ја раскажа целата реална ситуација во Македонија, опишувајќи ја нашата држава како тешко ранета.
Извор Република.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.