Демонстрантите преку транспаренти ја оценија таквата одлука како политички мотивирана!

Објавил: Стојче Бушин | 28 јуни, 2020 15:32

(ФОТО) Стотина Албанци се собраа на протест пред СДСМ

Фото/Текст извор: ©Lider

Група од стотина Албанци се собраа на протест пред седиштето на СДСМ, за да го изразат своето незадоволство од разрешувањето на Арбен Зибери од позицијата директор на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери.

Демонстрантите преку транспаренти ја оценија таквата одлука како политички мотивирана.

Птетходно, министерството за здравство информира дека Зибери бил разрешен поради  пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштетило на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со корона вирусот.

Група од стотина Албанци се собраа на протест пред седиштето на СДСМ, за да го изразат своето незадоволство од разрешувањето на Арбен Зибери од позицијата директор на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери. ФОТО: Лидер

По таквата одлука, реакција стигна од ДУИ, од каде остро го осудија постапувањето на министерот за здравство Венко Филипче против директорот на Институтот за јавно здравје во Скопје Арбен Зибери, што според нив, било мотивирано врз дневнa политичка цел, одмазда и во функција на парламентарните избори.

Ова политичко постапување на Филипче директно го загрозува здравјето на граѓаните и главната институција во борбата против Ковид-19 и загрозува илјадници граѓани. Кандидатурата на Насер Зибери за прв премиер Албанец им го замагли видот и умот на политичките опоненти кои не бираат средства за борба против еден Албанец на чело на институциите и на Владата, и по цена на загрозување на јавното здравје на граѓаните.

Овој недоличен, брутален и популистички акт со елементи на етничко влијание и политичка одмазда е порака за сите Албанци, за целата албанска дијаспора и сите други граѓани. Ова постапување е неприфатливо бидејќи е мотивирано против семејството на албанскиот кандидат за премиер, затоа казната за овие антиалбански постапки ќе се даде на 15 јули од граѓаните на ова земја – изјавија тогаш од ДУИ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Имено Боки на неколку наврати соопшти дека во случајот се вмешани повеќе политичари, а на денот на судењето тој се обрати до судиите да ги бараат парите кај Зоран и Вице Заеви, по што беше отстранет од судницата.

Боки 13 потврди: Кривичните пријави се против политичари од власта- ќе ме спречат само ако ме лишат од живот

Првообвинетиот во случајот Рекет, Боки 13 кој доби 9 години казна затвор за истиот, денеска...

Понатаму, може да се слушне и разговор во кој соговорникот го прашува за кадровските решенија, а Заев го споменува Петре Шилегов. На ова, соговорникот вели дека Шилегов е сомнителен човек кој додека бил претседател на второстепена комисија „трпал пари“. На ова лидерот на СДСМ вели дека „знаел, апсолутно“ но дека тоа било тоа.

НОВА МЕГА БОМБА: Заев се договарал со Мијалков, знаел дека Шилегов “дрпа пари” (АУДИО)

Нови бомби и денеска осамнаа на социјалната мрежа „ЈуТјуб“  а на нив се слуша гласот...

Ахмет пред гостиварци рече дека Албанците заслужуваат премиер на државата, тој посочи дека изминативе години ДУИ, се избори за државни раководни функции, на кои беа назначени многу Албанци и сите тие работеле за доброто и напредокот на државата.

Али Ахмети: Заев нема да биде премиер, претера со своите изјави!

На вчерашниот митинг во Гпстивар, лидерот на ДУИ, Али Ахмети е оптимист кога станува...