Нападот во Нов Зеланд е потврда дека тероризмот не признава граници и религии

Објавил: Узунов Бобан | 15 март, 2019 8:55

(фото) Страшен терористички напад со 40 мртви во земја каде најмалку се очекуваше-Нов Зеланд

Фото/Текст извор: ©магазин

Полицијата од Нов Зеланд деактивираше неколку импровизирани експлозивни направи пронајдени прикачени на возила во Крајстчерч, по масовното пукање во две џамии. Најмалку 40 лица загинаа, а најмалку 20 лица се сериозно повредени.

Според сведоците, барем едно лице отворило оган од автоматско оружје кон луѓето што дошле да се молат во џамиите. 

Уапсени се четири лица (тројца мажи и жена). Еден од напаѓачите е идентификуван како Брентон Тарант, а медиумите објавија дека на својот фејсбук-профил тој во живо го пренесувал нападот, кој самиот го квалификувал како терористички. 

Полицијата деактивирала неколку импровизирани експлозивни направи што биле закачени на моторни возила 

Напаѓачот упаднал во џамијата Масџид Ал Нор десетина минути по почетокот на молитвата и отвори оган. Тој истрела десетици, ако не и стотици куршуми. Белец е, со руса коса, низок раст, носеше шлем и панцир”, изјавил очевидецот Ахмад ал-Махмуд, изјави сведокот Ахмад ал Махмуд за новозеландскиот канал Стаф.

Второто пукање се случи во Линвуд Масџид, каде што сведок изјави дека видел човек во маскирна опрема и шлем за мотоцикл како ја напушта џамијата, додека според непотврдени информации, бомба била пронајдена на блиската Стрикленд авенија.

Локалните муслимани, наводно, го бркале вооруженото лице од Линвуд џамијата, истрелувајќи два куршуми додека бегал. 

Четири осомничени во моментов се во притвор, меѓу кои и една жена, а објектите остануваат затворени, додека полицијата ги повика џамиите во Нов Зеланд да ги затворат вратите до крајот на денот. За еден од приведените е потврдено дека е австралиски државјанин.

Нападот резултираше со најголем број на жртви во поновата историја на нацијата која живее во држава која за важи за една од најмирните и најбезбедните земји во светот. Целта на нападите биле муслимански верници кои била на утринска молитва.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во сабота православните верници го слават празникот Задушница, а обичаите налагаат да се посетат гробиштата. Поради ова, министерот денеска посочи дека можно е воведување на полициски час но тоа ќе се одлучи во следните неколку дена .

Полициски час или карантин за време на продолжениот викенд?

Сите опции се отворени, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство...

Затоа не се вештачи мојот телефон, затоа што не треба да се види мојот телефон за да не се види мојата комуникација со Сашо Мијалков.

Заев испратил порака до Боки13 за Рекет- Дојди да се видиме и ќе се соочиме со доказите!

Дојди да се видиме и ќе се соочиме со доказите“ – порака од Зоран Заев испратена до...

Индексот на индустриското производство во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ април 2019 година, изнесува 88.8.

СТАТИСТИКА: Во април забележан пад на индустријата!

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство...