На лице место има најмалку едно покриено тело на загинат патник во сообраќајната несреќа.

Објавил: Владо Марин | 25 јули, 2021 21:46

ФОТО: Тешка сообраќајна несреќа со загинати на патот Охрид – Кичево

Фото/Текст извор: ©курир.мк/магазин.мк

Во месноста Дебрца на автопатот помеѓу Охрид и Кичево вечерва околу 19 часот и 30 минути се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа најмалку 3 возила.

Забележани се три возила на Брзата помош како заминуваат од местото на несреќата кон Охрид.

На лице место има најмалку едно покриено тело на загинат патник во сообраќајната несреќа.

Исто така, на лице место се забележани две возила на погребно претпријатие.

Возачите кои вечерва се враќаат по патот Охрид-Кичево кон Скопје се соочуваат со невиден застој на патот и километарска колона, а движењето е речиси никакво. Како што јавува читател на „Слободен шечат“, по патот се вози одвај со 10 километри на час.

Сообраќајот го регулира полицијата и ги пренасочува возилата кон споредните, регионални и помошни патишта. За деталите од оваа несреќа очекуваме соопштение од МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Од велешката полиција соопштија дека уапсена е партнерката со која живеел убиениот под сомневање дека го сторила убиството.

ИЗБОДЕН ДО СМРТ ПОЛИЦАЕЦ ОД ВЕЛЕС, ПРИВЕДЕНА ПАРТНЕРКАТА СО КОЈА ЖИВЕЕЛ

Ноќеска околу 2.15 часот во Велес убиен е полицаец А.Р  откако бил прободен со нож....

Станува збор за дете кое имало неколку тешки заболувања, пред една година врз малиот пациент биле направени повеќе операции, тоа имало тумор на мозок, хидроцефулус, вродена непроодност на цревата за што се направени повеќе хируршки интервенции.

Почина две годишно дете на Клиниката детска хирургија

УК за Детска хирургија во Скопје, до Центарот за социјални грижи и до СВР Скопје пријави...

-Сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во Ковид-центарот во Тетово. На повредените им посакувам успешно закрепнување, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук.

Пендаровски: Сочувство до семејствата на починатите, на повредените им посакувам закрепнување

Претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејствата...