Доцна синоќа за првпат во Република Македонија е изведена трансплантација на срце, од починат донор!

Објавил: Стојче Бушин | 23 мај, 2020 11:06

ФОТО: Филипче го посети пациентот на кој му беше трансплантирано срце!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче, во моментов е во посета на пациентот, на кој му беше трансплантирано срце.

Доцна синоќа за првпат во Република Македонија е изведена трансплантација на срце, од починат донор!

Проф. Д-р Николиќ и д-р Димче Славески од Аџибадем Систина дел од тимот што ја изведуваа првата трансплантација на срце во земјава!

Министерот за здравство Венко Филипче, во моментов е во посета на пациентот, на кој му беше трансплантирано срце. Фото: Либертас.мк

Професор д-р Александар Николиќ кардиохирург од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и шефот на Одделот за анестезија д-р Димче Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија од „Аџибадем Систина“ ќе беа дел од тимот доктори кардиохирурзи и анестезиолози кои ја правеа првата трансплантација на срце во земјава, која беше изведена ноќеска на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар.

Проф-д-р Николиќ кој има 30 годишно искуство во оваа област, впрочем е и единствениот доктор кој работи во здравствена установа во земјата, а има зад себе искуство од вакви интервенции. Самиот бил дел од три тимови за трансплантации на срце.

Првата трансплантација на срце во земјава ја работеа мешан тим кардиохирурзи, врвни експерти од повеќе здравствени установи меѓу кои и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија и д-р Жан Митрев од „Жан Митрев Клиник“!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро. Во сите останати општини, во петок, сабота, недела забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро.

Забрана за гробишта за Задушница: Полициски час од 80 часа во половина Македонија!

На денешната седница на Влада, согласно препораките на Комисијата за заразни болести,...

Селмани еден од повеќетемина пациенти кои се најтешко болни и лежат на инфективна. Оваа девојка освен што има вирус имала итна хирушка интервенција на друга клиника и била во критична состојба.

Не вратија од мртвите, сведочат за Телма пациенти со КОВИД 19, кои лежат на Инфективна!

Ова е Заир Селмани од Куманово. Верува во бог ама и во докторите кои му го спасиле животот....

-Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19 и како да немаат сознание колку е оваа лоша болест кога ќе се рашири.

ЖАН МИТРЕВ: Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19!

Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19 и како да немаат сознание колку...

Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години.

ЦРН ПОНЕДЕЛНИК: 89 новозаразени со коронавирус, починаа седум лица во Македонија!

Во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19. –...