Тој посочува дека утрово со колеги од Неврохирургија извршиле успешна операција кај 29-годишна пациентка.

Објавил: Стојче Бушин | 9 август, 2020 13:52

(ФОТО) Филипче успешно изврши операција на 29-годишна пациентка

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека повторно се наоѓа во сала на операција. Тој посочува дека утрово со колеги од Неврохирургија извршиле успешна операција кај 29-годишна пациентка.

Филипче објави исто така дека Лилјана (42), Христијан (19) и Емри (27) беа тројца пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег пред 2 години.

Популарниот Филипче се облече во хируршка облека!

Тој вели дека тие се во добра здравствена состојба, среќни и задоволни дека повеќе не одат на дијализа. Пациентите почнаа повторно нормално да функционираат.

 Многу сум горд на тимот од Клиниките на нефрологија и урологија кои го даваат својот максимум за третман на овие пациенти. Голема благодарност до д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ и Проф. Гоце Спасовски за неуморната работа и грижата која секојдневно им ја даваат на нашите пациенти. Продолжуваме да се грижиме за здравјето на секој пациент, затоа што нема ништо повредно од спасен човечки живот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Дел од лекарите, медицинскиот персонал и вработени во Кардиолошкиот завод, се позитивни на Ковид 19, што ја отежнува работата на установата.

Ковид 19 силно ја погоди и Специјализираната болница за кардиологија „Св. Стефан“ во Охрид

Ковид пандемија и натаму силно го притиска здравствениот систем во земјата. Лесно...

„Вчера го започнавме процесот на вакцинација, со колку започнавме, смешно е, и откако ќе заврши оваа количина вакцини, што ќе правиме понатаму?

Травари: Кога се превземаа вакцините од Србија не требаше пола влада да оди на Табановце

Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари,...