Тој нагласи дека во администрацијата се вработени квалитетни луѓе кои на новата градоначалничка ќе ѝ помогнат во извршување на работите.

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 ноември, 2021 14:17

ФОТО: Шилегов ѝ ја предаде функцијата на Арсовска: Нејзин избор е кои проекти ќе ги продолжи

Фото/Текст извор: ©Слободен печат

Изборот е на госпоѓа Арсовска во однос на тоа кои од проектите ќе продолжи да ги работи.

Сепак тоа што е завршено како проектна документација ќе биде завршено од страна на г-ѓа Арсовска, рече поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов, откако ѝ ја предаде функцијата градоначалник на Данела Арсовска.

Тој нагласи дека во администрацијата се вработени квалитетни луѓе кои на новата градоначалничка ќе ѝ помогнат во извршување на работите.

Шилегов смета дека политичкото мнозинство е стабилно и дека случувањата од викендов се само „забава за јавност“.

– Стабилно е политичкото мнозинство. Тоа што се случуваше викендов беше замајување на јавноста или забава за јавност, во обид да се остане во политичка игра. Очекувам дека во текот на оваа недела ќе имаме седница на извршниот одбор на партијата, рече Шилегов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.