Горниот дом, Сенатот, веќе усвои текст претходно, за кој многумина сметаат дека ја ограничува слободата.

Објавил: Владо Марин | 27 јули, 2021 12:59

Франција изгласа употреба на Ковид-пасош

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Францускиот Парламент ја усвои проширената употреба на ковид-пасошот, по викендот за време на кој се одржаа протести против таа обврска низ целата земја.

Долниот дом на Парламентот со 156 гласа „за“, 60 „против“ и 14 „воздржани“, го усвои текстот за задолжителна санитарна пропусница или попозната како ковид пасош за влез во ресторани и превоз, како и за задолжителна вакцинација на здравствените работници.

Горниот дом, Сенатот, веќе усвои текст претходно, за кој многумина сметаат дека ја ограничува слободата.

Според усвоениот текст, нема да има отпуштања на лица кои не се согласуваат на задолжителна вакцинација против коронавирусот. Сепак, на тие вработени им се заканува суспензија на плата.

Вакцината е задолжителна за медицинските работници, пожарникарите и оние кои работат со стари лица, додека санитарната пропусница (ковид-пасош), односно доказ за вакцинација, прележан вирус или негативен тест за коронавирус, ќе биде задолжителна за кафулиња, ресторани, саеми и патувања со авион и воз.

За тој текст треба да расправа Уставниот совет на Франција. Во исто време, властите продолжуваат да промовираат вакцинација. Речиси 60 проценти од населението примило едина доза од вакцината против ковид-19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Обединетите Нации (ОН) предупредија дека глобалните залихи на пченица паднаа на најниско ниво од 2008 година, бидејќи „залихите се погодени од појава што се случува еднаш во генерација“.

Светот има залихи на пченица само за уште 10 недели

Светот има залихи на пченица за уште само 10 недели, што е последица на руската инвазија...

Случаите се регистрирани во вкупно 12 држави. Првиот случај е потврден во Англија на 7 мај, а во последните две недели е раширен и во останатите 12 земји.

СЗО: Потврдени 80 случаи на мајмунски сипаници во светот, еве во кои земји се регистрирани

Светската здравствена организација потврди дека со вирусот на мајмунски сипаници,...

Говорејќи на самитот за храна во Њујорк, Гутереш апелираше до Русија да ја укине блокадата на Црното Море, која ги спречува испораките на украинско жито на прекуокеанските пазари.

Кризата со храна може да трае со години, вели шефот на ОН

Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш предупреди дека недостигот...