Дипломатите не ја потврдуваат информацијата дека Франција „не е оптимист“ за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, како што пренесоа некои француски медиуми.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 октомври, 2019 17:20

Франција сака раздвојување на Македонија и Албанија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчерашниот состанок на амбасадорите на земјите членки на ЕУ не донесе напредок во позицијата на Франција за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, велат француски дипломатски извори за МИА.

Емануел Макрон е роден на 21 декември 1977.Тој е француски политичар, јавен службеник и поранешен инвестициски банкар, избран за претседател на Француската Република на 7 мај 2017 година.

– Не очекуваме да има поместување најрано до самиот министерски состанок во вторник во Луксембург, ништо не е сменето во однос на минатата недела, одлуката треба да ја донесе претседателот Емануел Макрон, објаснуваат за МИА дипломати присутни на вчерашниот амбасадорски состанок.

Дипломатите не ја потврдуваат информацијата дека Франција „не е оптимист“ за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, како што пренесоа некои француски медиуми.

– Не можеме да потврдиме таква информација бидејќи едноставно Франција за сега нема став, оттука не може да се каже дали е оптимист или не.

Според високи владини извори од земја членка на ЕУ кои биле во контакт со француската влада, „на Макрон не му пречи да биде изолиран по ова прашање во ЕУ“.

Преговорите помеѓу земјите членки на ЕУ сѐ повеќе се фокусирани на одвојување на Албанија и Северна Македонија, посебно по ставот на холандската Влада и условите поставени од страна на Германија. Останува дека низа земји во ЕУ и натаму инсистираат двете земји да одат во пакет, од различни причини.

За некои земји членки проблематично е одвојувањето на Албанија „поради тоа што ќе се создаде перцепција дека се изолираат од преговарачкиот процес земји со мнозинско муслиманско население“, додека други сметаат дека во прашање е регионалната стабилност и стравуваат дека Тирана би „влијаела негативно“ во дијалогот Приштина – Белград ако биде блокирана.

– Иако на некои земји не им се допаѓа одвојувањето, доколку Франција застане зад таа позиција, најверојатно ќе прифатат, подобро една отколку ниедна земја да започне преговори, како и да е сѐ ќе зависи од Макрон, објаснува висок дипломат од земја членка на ЕУ за МИА.

Позицијата на холандската Влада во секој случај ги охрабри поддржувачите на проширувањето, но сѐ уште не е сигурно дека одлука ќе биде донесена во вторник. Зависно од динамиката на разговорите на министерскиот состанок во Луксембург ќе се знае дали е потребно да им се остави крајната одлука на шефовите на држави и влади на Самитот, кој ќе се одржи два дена подоцна во Брисел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Ваквиот став на Села како што вели е поради тоа што премиерот и владата треба да понесат одговорност за неуспехот земјава да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Села: Заев да си поднесе оставка поради неуспехот земјава да добие датум

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села побара од премиерот Зоран Заев да...

Владата треба се што не направиле досега да го направат до октомври. Сета таа патетика по Самиот на ЕУ да ја претворат во реална политика.

ФРЧКОСКИ: “Жртвата Заев треба да ја остави во Брисел и да се врати во Македонија како ЛАВ”

Професорот Љубомир Фрчоски во вечерашното гостување во „24Анализа“ на 24Вести ТВ рече...

Тој нагласува дека Франција, исто така, бара реформи и на процесот на преговори, особено во делот со владеењето на правото, што, како што вели, е сериозен проблем, не само со кандидатите за членство, туку и со некои земји членки на ЕУ.

Мондолони: Франција е за старт на преговорите, но откако ќе бидат исполнети условите

По неуспешниот обид за датум на преговори со ЕУ, министерот за надворешни работи на...