Педесет и пет годишната Рено-Басо, сегашна генерална директорка на Трезорот, е прва жена на функцијата шеф на ЕБРД.

Објавил: Владо Марин | 8 октомври, 2020 16:03

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на ЕБРД

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19, пренесе Независен!

Педесет и пет годишната Рено-Басо, сегашна генерална директорка на Трезорот, е прва жена на функцијата шеф на ЕБРД.

Таа исто така во 2016 година била прва жена која дошла на чело на Трезорот, една од главните управи во француското Министерство за економија и финансии.

Таа ќе ја преземе должноста подоцна оваа година од Британецот Сума Шакрабарти, кој во јули поднесе оставка во банката, која ја предводеше од 2012 година.

– Советот на гувернерите на ЕБРД ја избра Французинаката Одил Рено-Басо за иден претседател, се наведува во соопштението на оваа институција.

Вршителот на должност претседател на ЕБРД Јирген Ригтерник и честиташе на новата шефица, оценувајќи дека таа ќе и донесе на банката „огромно меѓународно искуство“.

ЕБРД, со седиште во Лондон, е формирана по падот на Берлинскиот ѕид, со цел да им помогне на источните земји во транзиција кон пазарната економија. Меѓутоа од финансиската криза 2007-2008 таа силно ги прошири активностите во прилог на економски развој, но неодамна и во борбата против климатските промени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

„Подготвени сме да преговараме со сите учесници во овој процес за прифатливи решенија, но тоа зависи од нив – ние не одбиваме да преговараме, туку тие”, рече Путин во интервју за руската државна телевизија.

„Мислам дека дејствуваме во вистинската насока, ги штитиме нашите национални интереси, интересите на нашите граѓани, нашиот народ. И едноставно немаме друг избор освен да ги заштитиме нашите граѓани“, нагласи Путин.

Рускиот претседател тврди дека е „100 отсто“ сигурен дека Русија ќе ги уништи американските ракети „Патриот“ во Украина и го критикуваше Западот за обидот да ја „распарчи“ Русија.

„Во сржта на сето тоа е политиката на нашите геополитички противници, кои имаат за цел да ја распарчат Русија, историската Русија“, рече Путин.

„Тие отсекогаш се обидувале да ‘поделуваат и освојуваат’… Нашата цел е нешто друго – да го обединиме рускиот народ“.

Путин вели дека Русија е подготвена да преговара за Украина

Русија е подготвена да преговара со сите страни вклучени во конфликтот во Украина,...

– Со најголема сериозност ги осудувам неприфатливите акти на насилство и вооружени напади врз косовската полиција и меѓународниот персонал на северот на Република Косово и ги повикувам правосудните институции што поскоро да ги изведат нивните сторители пред лицето на правдата, напиша Мета.

Илир Мета: Ги осудувам неприфатливите акти на насилство

Албанскиот премиер Еди Рама и поранешниот албански претседател и лидер на Партијата...

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ и на Шенген зоната го отфрлија приемот на Бугарија во Шенген, јавуваат бугарските медиуми. „За“ таквата одлука гласале 25 министри, а против биле двајца

ЕУ донесе одлука: Хрватска влегува во Шенген, Бугарија и Романија не

Министрите одлучија Хрватска да стане членка на Шенген, пренесуваат хрватските медиуми! Министрите...

Оштетени се и капацитетите за пренос на енергија. Како резултат на тоа, огромното мнозинство од потрошувачите останаа без електрична енергија. Недостигот на струја може да влијае и на греењето и снабдувањето со вода“, соопшти министерството.

Безмалку цела Украина е во мрак, речиси сите електрани се затворени

Денешниот руски ракетен напад врз енергетската инфраструктура на Украина доведе до...