Спорт
Тенис
Француската тенисерка Кристина Младеновиќ го коментираше потегот на Новак Ѓоковиќ по победата во првото коло на Ролан Гарос кога тој напиша “Косово е срцето на Србија”
Младеновиќ на прашањето „каков одговор имаше потегот на Новак во Франција?“, таа одговори:
Новак е одличен, тој е вистински пример за сите останати. Го видов тоа. На многу луѓе им е дозволено да зборуваат за Русија и Украина, секој има свое мислење, а тоа не е политичко? Од друга страна, ова, тоа е политичко? Да, го делам ставот на Новак, Косово и за мене е срцето на Србија. Татко ми е од Гњилане, баба ми живееше таму, а јас бев кога бев дете – отворено изјави популарната тенисерка во интервју за „Телеграф“

Таа рече и дека верува оти Ѓоковиќ ќе го крене пехарот.
А, што се однесува до Ноле, за мене тој е секогаш омилен. Каде и да се појави, секогаш е омилен. Можеби е малку субјективно, но се надевам дека тука ќе дојде 23. Грен слем титула. Алкараз е добар, и има своја шанса, млад е, но Новак е поискусен и нема турнир на кој доаѓа без да биде главен кандидат за победа – заклучува Младеновиќ.
Кристина никогаш не го криела своето потекло, а во 2017 година за еден тениски портал изјавила дека во душата е Србинка.
Родена сум во Франција и никогаш не живеев во поранешна Југославија. Тато многу брзо се вклопи како Французин. Јас сум Французинка во главата, а Србинка во срцето.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести

Останати вести од Тенис
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.