Корупцијата останува сериозен проблем, постои широко распространета неказнивост за корумпирани владини службеници, вклучително и членови на парламентот и на судството.

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 март, 2021 6:23

Фридом Хаус потврди: Македонија има сериозен проблем со корупцијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонија нема напредок во борбата со корупцијата, нотира Фридом Хаус. Македонија тапка во место, односно ништо не се сменило.

Корупцијата останува сериозен проблем, постои широко распространета неказнивост за корумпирани владини службеници, вклучително и членови на парламентот и на судството.

Наспроти фалбите за реформи, продолжуваат да се појавуваат сериозни скандали со корупција и набавки. Ова е оценката на Фридом Хаус.

Македонија останува делумно слободна држава во која што се уште се нотирани, изборен поткуп, заплашување на гласачи. Македонија е земја во која новинарите се предмет на политички притисок и вознемирување, а физичките напади продолжуваат да се пријавуваат. За дел од медиуми се нотира дека се врзани за политички или деловни интереси кои што влијаат на нивната содржина.

Тоа што власта сака да го истакне како постигнување, трите поени разлика, се должат токму на тоа што ВМРО-ДПМНЕ неколку пати го истакнува, а тоа е дека беа признаени избори во име на ветената европска иднина, односно почетокот на преговорите со ЕУ.

Трите поени се однесуваат на тоа што без проблеми била формирана влада по јулските избори, иако се регистрирани изборни измами, закани и други форми на изборен притисок, а се нотира и забелешката од ОБСЕ дека власта во последен момент ги сменила изборните правила.

Оценката на Фридом Хаус дека Македонија е делумно слободна држава само се надоврзува на оценките од почетокот на годинава за Хибриден режим на Економист, на оценката дека Македонија тоне во корупција според Транспаренси.

Македонија со Зоран Заев, Оливер Спасовски, Бојан Маричиќ, Љупчо Николовски и другите не може да постигне никаков напредок, освен во корупцијата, криминалот, поткупот, заканите и заплашувањата. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.086; 40,1%), со неделна инциденца – 337,7/100.000. Највисока неделна инциденца од 397,4/100.000 е регистрирана во Битола.

НЕДЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ (12 ДО 18 АПРИЛ)

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 12 до 18 април...

При тоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 11.962 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19, што е за 2.000 помалку споредено со претходната недела.

Во последните седум дена инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Таа е во емисијата 24 анализа рече дека сдака да ги раскринка оние обвинувања на Никола Мицевски дека таа и колегата Мирослав се шетале во Собранието.

КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКА ЗА ТВ 24: ЌЕ ВОЗВРАТАМ СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА КОН ВМРО-ДПМНЕ И ЛЕВИЦА

Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничка на СДСМ која позитивна на Ковид-19 во скафандер...

Тој додаде дека институциите на истрагата си ја вршат својата работа, дека нема недопирливи ни од власта, но ниту од опозицијата.

Заев: Имаме правна држава која брзо ги расчистува случаите

Повикувањето на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски на информативен...