Македонија
Вести
Укинувањето на балансерот, според Европскиот фронт, е опасен чекор за иднината на државата – најавуваат дека нема да дозволат дискриминација и мајоризација.
Последното предупредување на мандатарот Христијан Мицкоски за отстранување на механизмот „балансер“ е директен удар врз Охридскиот договор, како еден од главните столбови за стабилноста на државата и меѓуетничките односи во државата, реагира Европскиот фронт.
Реакцијата уследи откако на новинарско прашање – дали ќе се прекине со употреба на балансерот, мандатарот Мицкоски потсети каква е препораката на ЕУ во однос на таа алатка.
„Ако ЕУ вели дека треба да се укине, тогаш нема друга опција освен да ги следиме препораките од Унијата. Ова е резултат од скрининг процесот. Земјава треба да напредува според компетенции, а не според пол, етничка или верска припадност,“ рече Мицкоски.
Во Европскиот фронт сметаат дека таа најава е само продолжение на она што започнало со непочитување на духот на Охридскиот договор и непочитување на волјата на албанското мнозинство изразена на изборите на 8-ми мај.
„За жал, на ова сценарио помагаат некои Албанци кои ги загубија изборите и поради жедта за власт станаа сервилни на ВМРО-ДПМНЕ. Европскиот фронт, како и во првиот случај, ќе ги предупреди сите меѓународни центри, а особено гарантите на Охридскиот договор, САД и Европската унија, за овој опасен чекор за иднината на државата“, најавуваат од Европски фронт.
Притоа потсетуваат дека секое прекршување на механизмите од Охридскиот договор ќе отвори други теми и механизми кои обезбедуваат еднаквост меѓу граѓаните и етничките заедници во државата.
„Европскиот фронт како единствена легитимна политичка сила нема да дозволи дискриминација и мајоризација на граѓаните и нема да одговараме за последиците што можат да ги донесат ваквите провокации на нелегитимната Влада“, се вели во реакцијата на Европскиот фронт.
Нарушен системот на заслуги
Алатката „Балансер“ почна со примена во 2016 година со цел да се исполни уставното начело за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, а врз основа на потребите на самите институции изразени преку годишни планови за вработување. Преку оваа алатка се врши електронски распределба на планираните нови вработувања согласно соодветната и правична застапеност.
Од почетокот на примената до денес на површина излегоа бројни злоупотреби со етничката самоидентификација, па дури и случаи окога едно лице на разни огласи за вработување во јавниот сектор се јавува според етничката припадност што се бара – еднаш Македонец, другпат Бошњак, третпат Ром или Албанец.
Во практикувањето на алтката како да се „заборави“ дека начелото на соодветна и правична застапеност не значи само процентуална застапеност, бидејќи примената на ова начело не зависи само од бројноста на заедниците, туку и од нивото на образование и од компетенциите на кандидатите. Тоа значи дека примената на позитивната дискриминација не треба да го наруши системот на заслуги при вработување во органите на државна власт и во другите јавни институции. Како што наведе Центарот за управување со промени (ЦУП) во ланскиот Извештај од следењето на соодветната и правична застапеност во институциите од јавниот сектор, сегашните мерки за обезбедување соодветна и правична застапеност не придонесуваат кон спроведување на принципите на заслуги при процедурите за вработување во јавната администрација, условени од ЕУ и утврдени во законите.
„Во своето мислење за РСМ, Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства извести дека во државата се влошила примената на принципот на заслуги“, се наведува во извештајот.
Спроведеното истражување на ЦУП на јавното мислење во однос на примената на начелото на соодветна и правична застапеност, како и примената на Годишните планови за вработување и „балансерот“, покажало дека поголемиот дел од испитаниците (50,8%) немаат против да се применува соодветна и правична застапеност при вработување (во однос на 31,1% коишто се против), ако кандидатите ги исполниле сите останати услови. Но, огромно мнозинство (76,2%) сметале дека досегашната практика на постигнување на соодветна и правична застапеност е лоша.

Иницијатива пред Уставниот суд

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.