Андов пишува и за атентатот врз Глигоров кога отишол да го посети претседателот во болница.

Објавил: Сара Фемина | 1 октомври, 2019 13:51

ФРЧКОВСКИ: Андов е ШУШУМИГА и политичар без интегритет- Ќе биде ли зaбpaнeтa книгата „До aтeнтaтoт и по него“?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во Основниот суд Скопје-2 треба да продолжи судското рочиште за тужбата за клевета против поранешниот претседател на Собранието на РМ, Стојан Андов, што ја поднесе професорот Љубомир Фрчкоски. Исто така треба да се одлучи и за забраната на книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него“.

Во книгата има клевети, што потенцираат негова вмешаност во атентатот врз првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, тврди Фрчковски.

Во книгата „Пред атентатот и по него“ Андов пренесува разговор со поранешниот претседател Киро Глигоров.

Стојане, вчера имав неочекуван состанок. Во вилата ми дојдоа Бранко Црвенковски, Тито Петковски, Благоја Ханџиски, Фрчкоски и Јане Миноски. Тие мои гости зборуваа мирно како да се договараа со мене да одиме на плажа, а всушност побараа од мене да си дадам оставкa. Не ги разбирам овие луѓе Стојане, ако нè тргнат нас двајцата и останат сами на власта, сосема е јасно како ќе владеат….

Андов открива дека имале несогласувања со експремиерот Бранко Црвенковски, но особено со тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски. Глигоров сметал дека Андов е човекот што треба да го наследи на функцијата претседател на државата, но Андов сметал дека тогашниот претседател избрзал со споменување на неговото име.

Му реков доста остро на Киро дека избрзал изговорајќи го моето име. Си помислив, тој добро знае дека ја компликувал ситуацијата и во концепцијата на тие луѓе сега ќе се јави потреба како и мене, покрај Киро, да ме отстранат од политиката. Тие очигледно беа решени оваа група, која ја контролира државата, да го отстрани секој глас што може да има влијание во јавнсота. Двајцата се надевавме дека таа залетаност на групата ќе престане. И сите да ги решаваме пробелмите на земјата…, стои во книгата.

Андов пишува и за атентатот врз Глигоров кога отишол да го посети претседателот во болница.

Ми привлече внимание тоа што за време на нашиот разговор ми се јави Слободан Милошевиќ. Стојане, што се случува со Глигоров таму кај вас? Му кажав дека Глигоров е жртва на големо злосторство, но првите оценки на нашите лекари се дека ќе може да се спаси. Ме праша дали може да помогне… Ми падна во очи што на оваа наша средба не е министерот за внтарешни работи Фрчкоски. Го прашав Бранко каде е Фрчкоски? Тој ми рече дека не знае точно каде е, но некој му кажал дека министерот заминал накај Крива Паланка. Невозможна и многу сомнителна работа, пишува Андов.

Андов открива дека имале несогласувања со експремиерот Бранко Црвенковски, но особено со тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски.

На промоцијата на книгата во ноември 2018 година говореа и академик Владо Камбовски, писателот Блаже Миневски и амбасадорот Љупчо Арсовски. Гајдов говореше за атентатот на покојниот Киро Глигоров. Тој откри шокантни детали за начинот на кој тогаш постапувал Фрчкоски, како министер за внатрешни работи.

Тогаш реагираше и професорот Љубомир Фрчкоски во колумна насловена Шушумига.

Не ми е јасно, драги мои, навистина и покрај сериозен напор во согледба на човечките падови, кризи на возраста и на потсвесните еготрипови – да разберам како успеваат старите политичари пишувајќи мемоари да направат будали од себе?
Стојан посветил книга и пол на мојата дребност, еднаш како разнебитување на „моите обиди“ (??) насловена „Обидите на Љубомир Фрчкоски“ а потоа попат, но отровно во томот за атентатот на Глигоров и по него.

Ако имав скрупули и обѕири да не ги коментирам или сведочам одлепените тези од „Мемоарите на Глигоров“ за куферчето (земајќи предвид дека Стариот имал селективна меморија или шмелцувал и преспојувал различни настани еден преку друг за настан за кој има на голем број сведоци за и околу „куферчето“ кои може да бидат повикани да дадат сведочење и да ја разнебитат таа „меморија“, а земајќи предвид дека мемоарите се пишувани од неговите соработници, но највеќе и пред се поради мојата историја со Глигоров и респект кон него) такви скрупули не ме држат да ја оценам улогата на Стојан Андов за поновата македонска историја и неговите shitty „сеќавања“ приопштени во кобасичните мемоарски записи.

Стојан Андов е политичар од видот кој татко ми го нарекуваше ШУШУМИГА!

Тип на личност кој во политиката е изразит опортунист, кој нема своја интегрална позиција ниту интегритет, туку се снаоѓа, маневрира и ги игра позициите на моќ во овој случај на левицата и центарот на политичкиот спектар во Македонија од независноста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг се подразбира:

Подгответе го возилото обезбедете зимска опрема: Што треба да имате од 15 ноември?

Согласно член 361 став (1) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата моторните...

Како што објави УЈП, ова е само еден детал од истрагите во Меѓународен сојуз, БЈ медиа груп, 1ТВ и Томато доел.

Трпезариска маса, кујна, гарнитури: Луксузниот мебел наместо 1ТВ, ќе си го плаќа Боки 13

1ТВ денеска на првоосомничениот Бојан Јовановски или во јавноста познат како Боки13...

Денес УЈП е отворена институција и за фирмите и за граѓаните, одговорна за реализација на реформи кои се од корист на граѓаните, на сите даночни обврзници!

ЛУКАРЕВСКА: „УЈП беше синоним за репресија, уцени, закани и беше во служба на ВМРО ДПМНЕ„

СДСМ како одговорна партија, пред граѓаните презеде обврска за професионализација...

Откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Над 100 казни за возачи на мотори и автомобили во Скопје!

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат...