Од МНР не одговориле во однос на името на кандидатот за амбасадор во САД, а Фрчковски пак изјавил дека нема коментар на оваа тема!

Објавил: Перо Милчин | 22 јануари, 2021 20:14

Фрчковски ќе биде нов амбасадор во САД?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорот Љубомир Фрчковски е најсериозен кандидат за амбасадор во САД, каде Владата со години нема назначено нов амбасадор, јавува Телевизија 24.

Името на потенцијалниот кандидат за амбасадор, според процедурата, треба да помине на владина седница откако претходно ќе биде предложен од министерството за надворешни работи како предлог услогласен и со претседателот Пендаровски!

Од МНР не одговориле во однос на името на кандидатот за амбасадор во САД, а Фрчковски пак изјавил дека нема коментар на оваа тема.

Државата со години нема амбасадори во десетина држави во светот, па така Македонија освен во Вашингтон нема представник ниту во Брисел, Москва, Пекинг, а во екот на македонско – бугарскиот спор земјава нема амбасадор ниту во Софија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Премиерот Заев, заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, денеска го најавија почетокот на реконструкција на Универзалната сала, за чија цел се промовира проектот изработен од архитектот Бујар Муча.

Заев: Одвоивме 120 милиони денари за реконструкција на Универзална сала – Скопје во постојниот облик, современа и енергетски ефикасна

„Универзална ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит, задржувајќи го...

Таа ја потенцираше транспарентната постапка за избор на професионалната Комисија за спречување и заштита од дискриминација, која има задача ефикасно, објективно, независно и принципиелно да работи во интерес на граѓаните.

Шахпаска: Убавината на општеството ја прават различностите, денес го одбележуваме 1 март – Ден на нула дискриминација

По повод 1 март – Денот на нула дискриминација, министерката за труд и социјална...

Пописот е добар пример преку нашата проактивна улога да демонстрираме одговорност и посветеност кон дијаспората, која има важна улога во севкупните процеси на земјава.

Од понеделник стартува пописот, за првпат се попишува и дијаспората

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на заедничка прес-конференција со...

Вакцините од Кина беше најавено дека ќе пристигнат во февруари. Станува збор за 200.000 вакцини за кои Министерството за здравство потпиша договор за набавка и со кои практично требаше да започне масовната имунизација на населението.

ВРАТЕН АВАНСОТ ЗА КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ

Кина го повлекла авансот што Македонија го уплатила за вакцините против КОВИД. Од Министерството...