(Видео) Женски меч е главна вест во Шпанија – Андонова го засени дури и Меси!

Објавил: Сања Кукиќ | 18 март, 2019 20:42

Фудбалерката Андонова попопуларна и од Меси, сруши рекорд во Шпанија

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Женскиот фудбал руши рекорди во посетеност. Викендов натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона го гледаа 60.739 љубители на фудбалот, што испиша  светски рекорд. Нашата Наташа Андонова е дел од оваа светска приказна. 

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова и нејзината Барселона посведочија на историја, затоа што го изиграа најгледаниот женски фудбалски меч во историјата на Европа.

Досегашниот рекорд го држат екипите на Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид, кои во рамки на женскиот Копа дел Реј играа пред 48.121 љубители на фудбалот.

Светскиот рекорд во посетеност на еден женски фудбалски натпревар е главна вест во Шпанија и се наоѓа на насловните страни на сите спортски медиуми.

Мадридскит весници „Марка“ и „АС“ излегоа со слика од преполниот „Ванда Метрополитано“, па тој настан на засени дури и маѓичната претстава на Меси против Бетис.

„60.739 – светски рекорд“, едногласни се „Марка“ и „АС“, додека Меси е сместен во горниот дел од насловната страна со наслов „Лигата на Меси“.

 Првично биле пуштени 50.000 влезници, секоја чинела по пет евра, но по брзата распродажба, се испечатиле уште 10.000.

Барселона славеше во големото дерби против Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ со 0-2. Каталонците сега имаат три бода помалку од Атлетико Мадрид и следи израмнета борба за освојување на титулата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Данинел Стефановски доцна синоќа во Цирих со К.О во првата рунда го победи неговиот противник од Франција Алилуше Софијан.

Македонскиот воин Даниел Стефановски со К.О ја освои СВЕТСКАТА ТИТУЛА во кикс бокс на ИСКА !

Македонскиот воин Даниел Стефановски доцна синоќа се закити со нова светска титула...