
Спорт
InMemoriam
Диего Армандо Марадона, аргентинската фудбалска легенда и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина денеска на 60 годишна возраст во Буенос Аирес!
Аргентинецот, кој имаше операција на мозокот овој месец, почина од срцев удар, рече неговиот адвокат.
Кокаинот е најзаслужен за неговото предвремено заминување во фудбалска пензија. Откако во 1991 година беше позитивен на кокаин заработи 15-месечна суспензија, а се тргна по Светското првенство 1990 година кое се одржа во Италија и во кое неговата репрезентација загуби во финалето од Западна Германија.

По смртта на легендата на светскиот фудбал, Диего Марадона, се огласи уште една легенда, бразилецот Пеле. Тој рече дека е тажно да се изгуби пријател на овој начин.
-Тажно е да загубиш пријател на овој начин. Се надевам дека на небото некогаш повторно ќе играме фудбал, рече Пеле.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.