Промени во битолскиот клуб Пелистер, Стојчевски е новиот извршен директор

Објавил: Македонка Димкин | 18 октомври, 2018 21:27

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола со нов Директор!

Фото/Текст извор: ©sport.com.mk

На денешната седница на Собранието на ФК Пелистер беа избрани новите водечки лица. Она што во неколку наврати „Спортмедиа” го најавуваше, од денеска е и официјално. Имено ФК Пелистер има нова раководна структура.

Пеце Стојчевски е сопственик на кафе ресторанот „Корзо„ во Битола.

На денешната седница на Собранието на ФК Пелистер, за нов извршен директор е назначен Пеце Стојчевски, инаку сопственик на кафе – ресторанот „Корзо”. Инаку најголемиот дел, 75% од акциите на клубот ги имаат две битолски фирми.

За директор на Бордот на директори поставен е Зоран Лазаров, инаку директор на Клиничкиот – центар во Битола. Во новата управа се и екс судијата Љубомир Крстевски, потоа Марјан Трифуновски и Боге Пишмановски.

Се разбира дека ова е најава за подобри денови на битолскиот фудбалски клуб. Во текот на викендот се очекува и назначување на нов шеф на стручниот штаб на „зелените” по заминувањето на Томче Трајановски.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Во Даблин (Ирска) на 2. декември 2018 година со почеток од 12:00 часот ќе биде одржана ждрепката за квалификациските групи за Европското првенство 2020.

УЕФА забрани пет парови: Украина-Русија, Косово-Србија…!

УЕФА пред одржувањето на ждрепката соопшти кои репрезентации поради затегнати или...