Осум години од “Црниот понеделник” се падна во “четврток” кој исто така беше црн пред три години.
Денес воопшто нема да искажам жалење за сите што беа тепани во овие црни настани. Не затоа што немам што да додадам на веќе кажаното и напишаното изминатите години.
Денес жалам за мојот/нашиот верен другар кој загина од подмолните трујачи кои не се сакаат ниту себе си, а камоли некоја друга душа, напиша поранешната пратеничка на СДСМ и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија, Фросина Ременски!
Слободата и демократијата немаат цена.
Пред осум години, на денешен ден беше нападната македонската демократија, пратениците и Собранието под удар на режимската репресија, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев по повод настаните во Собранието на 24 декември 2012 година, познати како „црн понеделник“.
-24 декември, црниот понеделник е паметник за вистинското лице на насилничката, режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Таквиот однос кулминираше години подоцна, на 27 април, со насилниот упад во законодавниот дом и обидот за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието, објави Заев.
Додава дека денес, осум години подоцна многу работи се променети во нашата татковина и дека Собранието денес е дом каде царува дебатата, а не насилството.
Ја живееме слободата. Новинарите слободно и независно известуваат, пратениците слободно работат, без страв од упади и насилни исфрлања. Редот, правдата и дисциплината се нови вредности, истакнува Заев.
Во својата објава додава дека денес, кога живееме во слобода, во демократија и еднаквост испраќаме порака, датумите како 24 декември да останат врежани во колективната свест, за да потсетуваат на погрешното.
-Никогаш да не се заборави црниот понеделник и да не се повтори. Режим – никогаш повеќе!, напиша премиерот Заев на Фејсбук.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.