Потребни се околу половина милион евра

Објавил: Калина Мартинска | 14 јуни, 2024 16:40

Хаваријата со компресорот на Клинички ќе се санира половина година

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

До среда идната недела Универзитетските клиники треба да одговорат на дописот испратен од Службата за заеднички работи, и да се изјаснат дали се согласуваат со предложениот оперативен план, во кој се предвидува за замена на опремата и инсталациите на централната компресорска станица Клиниките да покријат речиси 342 000 евра од вкупните 455 000 , вели за Канал 5, директорот на заеднички служби Мирсад Ибраими.

Од службата појаснуваат дека доколку се биде како што треба, крајниот рок за изградабата на компресорската станица е до Нова година.

„ 7.000.000 денари кои ЈУ од областа на здравството ги има предвидено во планот за јавни набавки за 2024 година.

– 21.000.000 денари од ЈЗУ Универзитетски Клиники во Комплекс Клиники Мајка Тереза.

Оптимистички рок за извршување на горенаведените активности – 146 дена (5 месеци). Реален рок за извршување на горенаведените активности – 180 дена (6 месеци). “ , стои во оперативниот план, кој вчера го мина и владиниот филтер.

Иако во меѓувреме со помош на надворешни компресори се отворија дел од сали на клиника, сепак не се завршуваат сите операции, па во следните 5 до 6 месеци пациентите и натаму ќе мора да бараат алтернативи. Директорот на ГОБ 8 ми септември, доктор Христијан Косотв за Канал 5 вели состојбата во болницата споредбено со пред две три недели е значително подобрена, но поради зголемениот обем на работа изминатиов период дупло им се зголемени потребите за медицинска опрема, за што од фонодт порабале дополнителни средства.

„Што се однесува на хируршките пацинети сметам дека нема место за паника. Кај нас програмот оперативен се одвива така што прво се згрижуваат тие витално загрижувачки пацинети и се прават тие операции, после тоа следуваат карциномите, значи секојдневно во прва смена се оперираат карциномите и доколку има слободен простор се оперираат и некој елективни случаи кои што не се од итен карактер. “-Христијан Костов – ГОБ 8ми Септември.

Случајот го истажува и јавното обвинителство кое треба да утврди дали има елементи на кривично дело, а предмет отвори и Народниот правобранител, кој пак проверува дали се прекршени правата на пациентите, каков е третманот на пацинетите кои се соочиле со одложување на операција, и колку операции се одложени.

Ангажирана беше и германска фирма за да утврди од каде доаѓа непријатната миризба поради која салите беа затворени, но нивниот извептај се уште не е презентиран.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство