
Живот
Настани
Една хакерска група понуди податоци украдени од разни страници за продажба, а дури 73,2 милиони корисници беа хакирани на своите сметки.
Тоа е организација на ShinyHunters, а околу 30 милиони украдени сметки се на платформата.
Ова е проследено со 15 милиони од услугата за печатење Chatbooks, а остатокот од податоците доаѓа од разни страници, вклучувајќи ја и страницата на порталот „Star Tribune“ и многу други.
Иако се работи за огромна количина на податоци, ова е веројатно само дел од поголемиот план.
Хакерската група тврди дека провалиле во базата на податоци на услугата GitHub и дека од таму имаат околу 500 GB „материјал“, а податоците ги продаваат од индонезиската онлајн продавница Токопедија за 5000 американски долари.
Терминот хакер од различни извори се толкува на поинаков начин. Хакерите се лица кои сакаат да се прикажат како луѓе кои се борат за слободна информација и тие ја сметаат технологијата за предизвик и веруваат дека ништо не би можело да им застане на патот.
Иако терминот хакер може да се поврзе со кој било аспект од животот, најчесто тој се однесува на компјутерски професионалци, кои знаат како да направат работите да функционираат.
Постои заедница, култура на споделување, која е создадена од експерти од областа на програмирањето и мрежите која потекнува од минатите декади кога постоеле првите миникомпјутери и експерименталните програми на АРПАнет (основата на интернет).
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.