„Ве молам не контактирајте кој било друг профил на Ларис Гајсер“, апелира италијанскиот новинар.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 август, 2019 19:53

Хакиран профилот на италијанскиот новинар- Заев сака полесно да дојде до некаква листа со имиња

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мојот фејсбук-профил е хакиран. Уште од 9 август се отворени неколку лажни профили. Ниту еден од новите профили не е мој. Тоа е стапица. Некој се обидува да ги лови противниците на Владата, вели во изјавата за МКД.мк Ларис Гајсер.

Снимка од видеото од случајот Рекет, која беше објавено од италијанскиот новинар Гајсер.

Инаку Гајсер е новинарот на италијанскиот весник „Ла верита” кој ги објави видео и аудио снимките од случајот „Рекет” во Македонија, во кој првоосомничен е Боки 13 а второосомничен е Зоки Кичеец кои моментално се наоѓаат во затворот во Шутка.

„Ве молам не контактирајте кој било друг профил на Ларис Гајсер“, апелира италијанскиот новинар.

„Се работи за класична стапица со која македонските власти се обидуваат полесно да дојдат до имињата на нејзините противници, на луѓето од опозицијата. Се работи за неколку лажни профили преку кои македонскиот премиер Зоран Заев сака полесно да дојде до некаква листа со имиња. Ги замолувам сите Македонци да бидат внимателни затоа што мојот вистински профил веќе има 5.000 пријатели, па не можам да примам нови пријатели. Хакери отвориле лажни профили и сега други хакери ги хакираат лажните профили. Интересна приказна“, јас сум спремен. Сега сѐ зависи од сведоците. Чекам да ми кажат дека се сигирни, дека се безбедни и дека можам да објавам“, вели Гајсер.

Новинарот вели дека неговата наредна приказна за случајот „Рекет“ ќе предизвика вистински земјотрес.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со многу емоција, заедно со народот подготвена сум да ја понесам тежината на борбата.

Моќна порака на Мизрахи: Должни сме да си ја одбраниме нашата мајка, Македонија- НИЕ СМЕ МАКЕДОНСКИ НАРОД

Како што мечката си го брани своето мече, должни сме да си ја одбраниме нашата мајка,...

-Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности.

Кокаинот во Крушопек стигнал во пратка со банани (фото)

Полициска акција се спроведуваше во селото Крушопек, Сарај, каде е запленета голема...

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека бил принуден да се обрати на јавноста по, како што наведува, многубројните лажни вести за него и неговото семејство

Вицето: смешно е мене да ме поврзувате со рекет, јас сум честит човек!

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека...

Тој во допис за медиумите вели дека бил принуден да се обрати до јавноста по лажните вести кои акко што вели доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ а се контролирани од Никола Груевски. 

Сакаат да ни наштетат, ниту јас, ниту брат ми не сме вмешани во “Рекет”- по два дена молчење се огласи Вице Заев

Откако во медиумите пред два дена одекна веста дека Вице Заев и поранешниот премиер...