
Свет
Европа
Европската унија го добила писмото што поранешниот македонски премиер Никола Груевски го испрати до Комесарот за проширување, но не сака да го коментира.
Портпаролката Маја Коцијанчич нема коментар за писмото и за барањето на Груевски независни експерти да го испитаат неговиот случај.
Видовме дека Груевски испрати писмо до неколку членови на меѓународната заедница, вклучувајќи ја и ЕУ. Како што знаете, ЕУ не дава коментар или интервенира во тековните судски постапки. – изјавила Коцијаничич.
Пред да побара политички азил и да замине од Македонија поранешниот премиерот им пишал писмо на челниците од ЕУ.
Во писмото тој бара меѓународни судии да извршат проверка на масовниот политички прогон во државата.
Поранешниот премиер писмото го испратил до еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, еврокомесарката за надворешна политика Федерика Могерини, комесарот за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ и претседателот на европската народна партија Жозеф Дол.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.