Паднаа во вода “гласните” европратеници и нивните амандмани за пребегот на Груевски и барањето Унгарија да изврши екстрадиција, според Европската Комисија тоа сепак е суверено право на една држава.
Реагирајќи на изјавата на комесарот за проширување, Јоханес Хан дека Унгарија најверојатно нема да го екстрадира Груевски, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто кусо изјави дека „комесарот за проширување треба да се грижи за проширувањето, а не за законските процеси во земјите членки“.
Прашањето му беше поставено од унгарска новинарка на редовниот брифинг по Советот на министри за надворешни работи на ЕУ.
Сијарто инаку не ја спомена Македонија, ниту случајот со Груевски.
Денес се одржува Совет за општи работи на ЕУ, кој делумно ќе биде посветен на владеењето на правото во Унгарија.
Едно од прашањето кои ќе бидат покренати е затворањето на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта, но неизвесно е дали ќе се отвори и прашањето за Груевски, со оглед на тоа дека ЕУ го смета за суверено прашање.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.