Хан вели дека можни се негативни последици од противењето на Париз за влез во ЕУ за Скопје и Тирана.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 ноември, 2019 9:38

Хан: ЕУ направи големата стратегиска грешка за Скопје и Тирана која може да се поправи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Еврокомесар за проширување Јоханес Хан во изјава за весникот „Ханделсблат“  истакна дека одбивањето на францускиот претседател Емануел Макрон  да бидат отворени пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е голема стратегиска грешка, која сè уште може да се поправи.

Се разбира легитимно е да се разговара за подобрување на методологијата, но тоа не треба да се користи како оправдување за одложувањето на одлуката за старт на преговорите со Скопје и Тирана, наведува Јоханес Хан.

Хан вели дека можни се негативни последици од противењето на Париз за влез во ЕУ за Скопје и Тирана.

– Желбата за реформи и имплементацијата се намалува во сите земји од Западен Балкан. Кредибилитетот на ЕУ е загрозен, а дополнително се поткупуваат и проевропските политички сили во регионот, истакнува Хан, нагласувајќи уште еднаш оти одлуката на Макрон во октомври била „сериозна историска грешка“.

Јоханес Хан, кој во новиот состав на Европската комисија од сега го презема комесарското место за буџет и администрација истакна дека грешката мора да се поправи што побрзо и се надева дека тоа ќе се случи уште во првиот квартал од следната година.

-Кредибилитетот може да се врати ако ЕУ многу брзо постигне заедничка позиција за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија. На сите шест земји од Западен Балкан мора да ми се даде европска перспектива, а тоа е во интерес и на ЕУ, вели Хан.

Хан вели дека стабилност на Балканот може да биде загарантиран само доколку сите шест земји од регионот бидат во ЕУ.

-Стабилноста на Балканот може да биде гарантирана само ако шесте земји од регионот влезат во ЕУ. Тоа е единствен начин за постигнување траен мир и просперитет. ЕУ веќе не е сама на Балканот. Кина и Русија инвестираат многу, а Турција и државите од Персискиот залив исто така се обидуваат да влезат во земјите од ЈИЕ, вели Хан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Симецка денеска изјави дека се уште гледа можност за формирање на владејачка коалиција и додаде дека третопласираната партија ХЛАС ќе биде одлучувачки фактор за формирање на новата словачка Влада, пренесуваат британските медиуми.

Фицо ќе ја прекине воената помош: Словачка има поголеми проблеми од Украина

Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на парламентарните избори во Словачка, денеска...

Според Камбовски, за донесување на новиот закон за аменстија неопходна е детална анализа која во моментов остсуствува. Вели потребни се аргументи дека пренатрупаноста е главен мотив за ослободување затвореници.

Работната група до крајот на месецов ќе подготви нов Кривичен законик- се враќа делото „злоупотреба на службената положба при јавни набавки“

Работната група која го подготвува новиот Кривичен законик нема да дозволи неказнивост...

Она што го има таму се луѓе кои направија многу штета за која следува многу години одговорност за сето она што им го донесоа на Македонија и на народот

По изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство на СДСМ, најавува Мицкоски

По поразот на изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство...