Еврокомесарот Јоханес Хан на Твитер порача дека борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи непрекинато.

Објавил: Перо Милчин | 11 август, 2019 11:03

ХАН ЗА СЛУЧАЈОТ РЕКЕТ: “Сторителите треба да бидат изведени пред лицето на правдата”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По објавувањето на разговорите во врска со аферата „Рекет“, доцна синоќа на Твитер реагираше еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Еврокомесарот Јоханес Хан на Твитер порача дека борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи непрекинато и сите кривични дела мора да бидат испитани од надлежните органи.

– #Северна Македонија: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања, наведува Хан.

Еврокомесарот посочи исто така дека никој не е над законоти  сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.

– Сите кривични дела мора да бидат испитани од надлежните органи, ослободени од какво било мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, порачува еврокомесарот Хан во објавата на Твитер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Симецка денеска изјави дека се уште гледа можност за формирање на владејачка коалиција и додаде дека третопласираната партија ХЛАС ќе биде одлучувачки фактор за формирање на новата словачка Влада, пренесуваат британските медиуми.

Фицо ќе ја прекине воената помош: Словачка има поголеми проблеми од Украина

Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на парламентарните избори во Словачка, денеска...

Според Камбовски, за донесување на новиот закон за аменстија неопходна е детална анализа која во моментов остсуствува. Вели потребни се аргументи дека пренатрупаноста е главен мотив за ослободување затвореници.

Работната група до крајот на месецов ќе подготви нов Кривичен законик- се враќа делото „злоупотреба на службената положба при јавни набавки“

Работната група која го подготвува новиот Кривичен законик нема да дозволи неказнивост...

Она што го има таму се луѓе кои направија многу штета за која следува многу години одговорност за сето она што им го донесоа на Македонија и на народот

По изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство на СДСМ, најавува Мицкоски

По поразот на изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство...