Македонија
Референдум
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа.
Хан намерно или не изуми дека сепак мнозинството од населението, односно 65% од граѓаните не излегоа на референдумот и не дадоа легитимитет на Договорот од Преспа.
Им честитам на оние кои гласаа денеска на консултативниот референдум и ги искористија своите демократски слободи. Со значајното “да“ има широка поддршка за Преспанскиот Договор и евроатлантската иднина на земјата. – напиша Хан на Твитер.
Сега, додаде тој, очекувам сите политички лидери да ја почитуваат оваа одлука и да ја спроведат со голема одговорност и единство ширум партиските линии во интерес на земјата, повика Хан.
Дипломатски извори во Брисел велат дека се надеваат дека опозицијата “ќе биде поконструктивна од досега“ и дека ќе ја поддржат институционалната процедура.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Референдум
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.