
Македонија
Вести
Според официјалната агенда, ќе се разговара за реформите поврзани со евроинтеграцијата на земјата и очекувањата наесен да биде одрен датум за почеток на пристапните преговори. Се очекува да стане збор и за новиот закон за јавното обвинителство со кој треба да се регулира идниот статус на СЈО.
Предвидено е премиерот Заев и еврокомесарот Хан по средбата да одржат и заедничка прес-конференција во Клубот на пратениците.
Ден подоцна во посета на земјава треба да пристигне и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер. Тој доаѓа во Скопје од Атина каде што имаше средби со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, со други владини претставници, како и со поранешниот премиер Алексис Ципрас.
Во Скопје, според најавата од Стејт департментот, Филип Рикер ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и други владини претставници. Централни теми ќе бидат билатералните прашања и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ. Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, ќе разговара и со пратеници и со претставници на опозицијата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.