Во разговор со новинарот од „360 Степени“ Хан вели дека факт е дека до Самитот во Загреб во мај работите мора да бидат расчистени, но не би сакал да шпекулира за можноста за донесување на одлука за датум за преговори.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 ноември, 2019 10:39

ХАН: Не сакам да шпекулирам и да давам надежи за одлука за преговори во март

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Еврокомесарот Јоханес Хан не сака одново да ги подгрева надежите дека е можно Европската унија наскоро да донесе одлука за почеток на пристапни преговори со Македонија и со Албанија.

Во разговор со новинарот од „360 Степени“ Хан вели дека факт е дека до Самитот во Загреб во мај работите мора да бидат расчистени, но не би сакал да шпекулира за можноста за донесување на одлука за датум за преговори.

Факт е дека до Самитот во Загреб во мај работите мора да бидат расчистени, но не би сакал да шпекулирам дали одлука ќе се донесе на Европскиот совет во март, вели комесарот Хан во разговорот со новинарот од „360 Степени“.

–Беше интересно и за оние што беа критични и ставија вето, да ја видат меѓународната реакција, која беше јасна и едногласна реакција – сите рекоа дека станува збор за огромна грешка со далекусежни последици, ако не се промени. Секако, за политичарите не е секогаш лесно веднаш да го променат мислењето, но мислам дека се предизвикаа одредени рефлексии и ние сме подготвени да помогнеме и да најдеме решение зашто огромен дел од земјите-членки, поточно најмалку 25, се за „зелено светло“ за почеток на пристапни преговори – вели Хан.

На прашањето што може да се очекува од претстојниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ закажан на 19 ноември и ако се земе в предвид дека Италија вели дека притиска и дека ќе има вонредна дебата за прашањето за проширувањето, Хан рече дека не е сосема сигурен дека ќе биде баш така.

–Знам дека има одредени дипломатски обиди, но има и одредени земји-членки кои мислат дека ова би било преурането. Добро е што прашањето останува на агендата, што за него се дебатира, што има состаноци меѓу амбасадорите во Брисел, но и во Европскиот парламент и што оваа тема се „држи во живот“ што значи дека треба да најдеме решение пред Самитот за Западен Балкан во Загреб – истакна Хан.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Полиестердеј е втората домашна фирма во која денеска влегоа инспекторите во врска со долг за печатење маици за ВМРО-ДПМНЕ.

Сестрата на Камчев, Кристина Стојчевска, пред две недели се повлекла од управителската функција во Монт

Сестрата на Орце Камчев, Кристина Камчева-Стојческа пред две недели се повлекла од...

-Горно маало Волково кога ќе се заврши со канализација? Каде е проширувањето на улицата, каде се тротоарите, каде се градинките, ништо немаме. Горно маало немаме ништо и воопшто не сме задоволни со ништо. Сите кажувате, кога и да дојдете само кажувате, а немате ништо исполнето Од сред село на кај Кучково патот што, е поминете господине да видите по какви улици одиме ние, каде ни учат децата, по какви калови одат децата, подвикнала една од присутните жени.

Жителка на Ѓорче Петров го направи „ПАРТАЛ“ Заев – премиерот ОВА не го очекуваше!

Со бројни изливи на незадоволство на граѓаните од населбата Горно маало во селото...

Спасовски изрази жалење што обвинителството, како што рече, немало храброст да одреди притвори за осомничените.

НЕМАА ХРАБРОСТ ДА ГИ ПРИТВОРАТ НАПАЃАЧИТЕ ВО АЛЕКСАНДАР ПАЛАС – Спасовски упати големо жалење до обвинителството

МВР интензивно работи на истрагата за расчистувањето на случајот со пукањето во „Александар...