
Свет
Вести
Отварањето на границите кон Европската унија е само поради свртување на вниманието на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган од внатрешно-политичките проблеми, рече денеска еврокомесарот за буџет Јоханес Хан.
Тоа треба да се гледа од аголот на внатрешно-политичката ситуција во Турција – рече Хан во интервју за виенскиот дневен весник „Стандард“.

Според Хан, Ердоган има проблем со Курдите, а воедно и со последиците од неуспешниот државен удар од 2016 година, па поради целата политичка ситуација тој сакал само да го скрене вниманието. Хан ја споменува и тешката економска ситуација, како и геополитичкото опкружување, со кое Турција не може да се соочи.
Хан рече дека до сега се исплатени 3,2 милијарди евра на Турција, од вкупно договорените шест милијарди со ЕУ за прием на бегалците.
Вкупно 4,7 милијарди евра се веќе договорно фиксирани, а сите шест милијарди се испланирани, што значи дека се знае што треба да биде потрошено – објасни Хан.
Еврокомесарот, меѓутоа, објасни дека парите од договорот не може едноставно и без услов да бидат префрлени на турската буџетска жиро-сметка, туку мора преку хуманитарни организации, врз основа на детален опис на потребите и под стриктна контрола, да бида проследени.
Како што истакна Хан, поголемиот дел од околу 3,6 милиони Сиријци, кои се наоѓаат во Турција, во меѓувреме добро се интегрирани во земјата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.