Хан е човекот кој ја разрешуваше политичката криза во Македонија

Објавил: Узунов Бобан | 12 јули, 2019 10:41

Хан со уште еден мандат како еврокомесар за проширување ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Сегашниот еврокомесар за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, беше назначен од австриската Влада за уште еден мандат во идниот состав на Европската комисија. Секоја земја членка на Европската унија именува еден кандидат за еврокомесар кој потоа треба да биде сослушан и потврден од Европскиот Парламент.

Австриската канцеларка вчера официјално го номинираше Јоханес Хан за уште еден мандат. Доколку Парламентот го потврди, ова ќе биде третпат по ред Јоханес Хан да биде европски комесар.

Австриецот беше комесар за регионална политика во втората Комисија на Жозе Мануел Баросо, и комесар за преговорите за проширување и соседска политика во Комисијата на Жан Клод Јункер, чиј мандат истекува на први ноември.

Засега не се познати портфолијата на идните комесари, тоа ќе биде резултат на политички преговори меѓу земјите членки, но речиси е извесно дека нема повторно да се занимава со проширувањето.

Според дипломатски извори во Брисел, за проширувањето изразила голем интерес Унгарија. Унгарскиот кандидат се очекува да биде Ласло Трошањи, министер за правда во заминување во Владата на Виктор Орбан. Неговото назначување сепак не значи дека автоматски ќе биде прифатен, со оглед на тоа дека европратениците мора претходно да го одобрат по темелна аудиција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Симецка денеска изјави дека се уште гледа можност за формирање на владејачка коалиција и додаде дека третопласираната партија ХЛАС ќе биде одлучувачки фактор за формирање на новата словачка Влада, пренесуваат британските медиуми.

Фицо ќе ја прекине воената помош: Словачка има поголеми проблеми од Украина

Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на парламентарните избори во Словачка, денеска...

Според Камбовски, за донесување на новиот закон за аменстија неопходна е детална анализа која во моментов остсуствува. Вели потребни се аргументи дека пренатрупаноста е главен мотив за ослободување затвореници.

Работната група до крајот на месецов ќе подготви нов Кривичен законик- се враќа делото „злоупотреба на службената положба при јавни набавки“

Работната група која го подготвува новиот Кривичен законик нема да дозволи неказнивост...

Она што го има таму се луѓе кои направија многу штета за која следува многу години одговорност за сето она што им го донесоа на Македонија и на народот

По изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство на СДСМ, најавува Мицкоски

По поразот на изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство...