Денеска гласањето во Албанија поминува во тензична атмосфера. Имено, во избирачкото место во Драч, напаѓач искршил и гласачки кутии, а по упадот бил приведен во полиција.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 јуни, 2019 17:53

ХАОС ВО АЛБАНИЈА: Маж со калашников влегол во избирачко место и кршел гласачки кутии!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денес на пладне маж со калашников влегол во избирачко место во Драч, сакајќи да го попречи гласањето.

Денеска гласањето во Албанија поминува во тензична атмосфера. Имено, во избирачкото место во Драч, напаѓач искршил и гласачки кутии, а по упадот бил приведен во полиција.

Во соопштението од МВР на Албанија стои:
Осомничениот влезе со оружје на избирачкото место, му се заканувал на комисијата, ги искршил гласачките кутии, но беше уапсен од страна на полициските сили.
Полицијата го заплени оружјето марка калашников.

Во Албанија денеска без учество на опозицијата се одржуваат локалните избори каде дури во половина од вкупно 65 општини има по само еден кандидат за градоначалник, и тоа од коалицијата „Алијанса за европска Албанија“ предводена од владејачката Социјалистичка партија, поради што најмалку може да се оценат како плуралистички.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Овој терорист САД долго време го барале, а американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека воената операција во која бил убиен лидерот на ИСИС, Абу Бакр Ал Багдади е позначајна од убиството на Осама бин Ладен во 2011-та година во текот на владеењето на Обама.

ЕКС СОПРУГАТА НА НАЈГОЛЕМИОТ ЗЛОСТОРНИК ВО СВЕТОТ: Багдади беше нормален човек – професор на Универзитет

Лидерот на Исламската држава Абу Бакр Ал Багдади бил убиен за време на викендот, а покрај...

Во нередите се запалени многу згради во центарот на градот и градското метро е блокирано.

Во Чиле прогласена вонредна состојба: Насилни протести поради поскапувањето на јавниот превоз(ВИДЕО)

Претседателот на Чиле, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во главниот град...