сабота, 16 октомври 2021

MK/ EN/ DE



Откако ја поминаа првата бариера поставена од полицијата, дел од лицата се обидоа преку приватни имоти и дворови да стигнат пред зградата на ДУИ.

Објавил: Перо Милчин | 17 септември, 2021 17:38

ХАОС ВО НАЈАВА: Демонстранти во Тетово се судрија со полицијата, бараат оставка од Заев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото: ТВ21/принтскрин

Во Тетово денеска се одржа протестен марш од кој учесниците побараа одговорност поради 14 загубени животи при пожарот во тетовската модуларна болница, што се случи на 8 септември.

Собирно место беше градскиот плоштад во Тетово, каде се обрати Бељуљ Бељуљи, кој рече дека е дојден затоа што неговата сестра настрадала во пожарот и затоа „бара одговорноста од целата Владата и градоначалничката” на Тетово, затоа што, според него, било одобрена работа на болницата без потребната документација.

Да не не лажат да изгорат уште луѓе. Сакаме побрзо да се дознае. Мене сестра ми ми изгоре. Да умреше од болест не би дошол овде, било од Господа, ама таа изгоре. Никому да не даде Господ. Барам да се каже што е и како е работата со болницата. Не да не лажат, со недели, изјави Бељуљи.

Фикрет Далипи од Бозовце рече дека од нивното село има две лица кои ги загубиле животите во пожарот и затоа сакаат да има одговорност.

 Недела дена и повеќе поминаа никој не презема одговорност, не знаеме и што се случило точно. Немам во блиското семејство изгубено човек, но од нашето селото Бозовце настрадаа две лица. Жал ми е за починатите и повредените. Ние го даваме срцето на доверба кај лекарите, но немаме сигурност, не се знае што може да се случи. Сечеше некој цевки за кислород, дали го фатија, после две недели изгоре болницата, што се прави тука кај нас. Сите големите во Владата треба да понесат одговорност. Влада е милион отсто одговорна за ова. Мора да знаеме од што дошло тоа, ние ги носевме на лекување, а по пет шест дена изгоре болницата, мора да знаеме што се случило, истакна Далипи.

Групата на плоштадот се задржа околу петнаесетина минути и нешто пред 14 часот започна да се движи кон зградата на Општина Тетово. Беа истакнати транспаренти, а една од пораките беше залепена на вратата од општината.

Пред присутните се обрати и Блерим Амеди од Кичево, познат во јавноста од 2019 година кога организираше протести против ДУИ, поради аудио снимките кои на социјалните мрежи ги објавуваше неговиот брат познат по прекарот Ел Чека. Во своето обраќање тој побара одговорност од Владата за пожарот, а потоа зборуваше и за други настани кои политички ги поврза со ДУИ.

При обраќањето посочи дека групата ќе оди до седиштето на ДУИ. На тргнување дел од луѓето почнаа да фрлаат јајца и предмети кон зградата на Општина Тетово. Групата продолжи пеш до Мала Речица со намера да дојдат до седиштето на ДУИ. Одејќи низ градските улици дел од групата извикуваше разни пароли со навредлива содржина.

Откако ја поминаа првата бариера поставена од полицијата, дел од лицата се обидоа преку приватни имоти и дворови да стигнат пред зградата на ДУИ.

Иако дел од групата млади лица се обидоа насила да го пробијат полицискиот коридор, во тоа не успеаја, па се вратија на влезот на Мала Речица, каде одреден период ги убедуваа полицајците да им дозволат да отидат до седиштето на ДУИ. Во еден наврат беше спречен повторен обид на поединци насилно да ја поминат бариерата од полицајци. Потоа дел од групата се врати кон Тетово и го блокираше сообраќајот на булеварите на излезот од градот кон Мала Речица. /МИА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Во четврток, 14 октомври 2021 година, во Малме, претседателот Пендаровски ќе оствари средба со премиерот на Кралството Шведска, Стефан Лофвен, додека во Гетеборг ќе оствари средба со претставници на Македонскиот сојуз во Шведска.

Пендаровски во работна посета на Шведска

Претседателот Стево Пендаровски, од денеска – 13 октомври 2021 година, среда, ќе престојува...

После министер за одбрана Албанец, после министер за надворешни работи Албанец, по претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец“, истакна Ахмети.

Ахмети од Чаир: Наредно е претседател на држава да биде Албанец

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Чаир на партиски митинг, најави рушење на нова барикада. После...

Тој изјави дека Македонија нема да се предаде пред приказните на Заев и нема да му поминат поделбите, Македонија ќе победи на овие избори и на народот му е доста од разочарувања.

Следно што Заев и СДСМ планираат е бришење на историјата, а народот на овие избори тоа не смее да го дозволи, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Прилеп истакна...

На Могилата на непобедените е предвидена свечена празнична програма и обраќања на претседателот на државата, Стево Пендаровски, на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и на претседателот на Општинскиот одбор на борците од Прилеп, Круме Соколоски.

Празникот ќе биде одбележан и во Скопје и во Куманово.

Осумдесет години од Денот на народното востание – 11 Октомври

Осумдесет години од денот кога беше означен почетокот на Народно-ослободителната...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.