Бура во централниот дел на САД доведе до откажување на стотина летови и одложување на илјада други, и ги откажа плановите на бројни луѓе за време на празниците.
Во централниот дел од САД зафати голема снежна бура и поради тоа се откажани повеќе летови. Сајтот за следење на летовите „Флајт Авер“ наведе дека се одложени повеќе од 6.500 летови, а откажани околу 800.
Меѓународниот аеродром во Далас помина најлошо, каде повеќе од 450 летови се откажани, а 600 се одложени.
Дождот, снегот и силните ветрови во некои подрачја го направија патувањето опасно, но не и невозможно. Во Небраска властите затворија за сообраќај еден од главните патни правци во земјата, додека Северна Дакота издаде големо предупредување за патување во источниот дел од земјата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.