За оваа чанта, Русковска во завршните зборови потенцираше дека завршила во домот на родителите на Боки во населбата Тафталиџе.

Објавил: Стојче Бушин | 26 мај, 2020 12:39

ХАОС ВО СУДНИЦА: Русковска пушти необјавена снимка од домот на Камчев, ден по земањето на „Луј Витон“ чантата!

Фото/Текст извор: ©360/магазин.мк

Обвинителката Вилма Русковска денеска во завршните зборови за случајот „Рекет“ пушти снимка од камерите во домот на Орце Камчев од 21 февруари 2019, еден ден по датумот од кој беа објавени снимки на кои се гледаат Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец како излегуваат со чанта „Луј Витон“.

Оваа снимка од 21 февруари 2019 за прв пат се пушти пред јавноста денеска и на неа се гледаат Боки и Кичеец како еден по друг влегуваат во домот на Камчев, објави 360 степени.мк!

Милески со него носи значително помала рачна чанта со темна боја.

Оваа снимка Русковска ја пушти, како што рече, бидејќи Јовановски тврдеше пред судот дека наредниот ден чантата „Луј Витон“ била вратена кај Камчев.

„Од снимката се гледа каква чанта донеле наредниот ден”, рече Русковска.

На сето ова бурно во судница реагираа и Боки и одбраната.

„Пуштете ги и снимките од 22 февруари, да се види”, викаше Јовановски.

Адвокатите, пак, реагираа дека ова е грубо кршење на постапката бидејќи Законот за кривична постапка е дециден дека во завршни зборови се зборува за тоа што е изведено во доказната постапка, а оваа снимка за прв пат се пушта во судница.

Судијката се согласи со одбраната, а Русковска додаваше дека тоа не е доказ, само сакала да го побие тврдењето на Јовановски чантата „Луј Витон“ била врартена.

За оваа чанта, Русковска во завршните зборови потенцираше дека завршила во домот на родителите на Боки во населбата Тафталиџе.

По речиси шест месеци судење, случајот „Рекет“ влегува во финиш. Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје започна давањето заврши зборови, а прва тоа го направи обвинителката Вилма Русковска, по што ќе следуваат и адвокатите и обвинетите.

По ова ќе остане само изрекувањето на пресудата од првостепениот суд. Судскиот процес го води Васка Николовска-Масевска, како прв судија, и Софче Гаврилова-Ефремова, како втор судија, како и тројца поротници кои се дел од судечкиот совет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Од утре, државјани на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово ќе биде задолжително да приложат негативен ПЦР – тест на ковид-19, не постар од 72 часа, доколку сакаат да влезат во Северна Македонија.

ОДЛУЧЕНО: Од утре ПЦР-тест за влез во Македонија

По препорака на Комисијата за заразни болести, негативен тест на ковид-19 ќе треба да...

Скопското обвинителство ова го потврди за телевизијата, а докторката казната ја доби бидејќи наместо да оди во самоизолација по враќање од пат од Италија, таа одеше на работа и учествуваше на семинар.

КРИВИЧЕН ПРЕСУДИ: Докторката Нина Цаца Биљановска казнета со 10.000 евра

Кривичниот суд го прифати барањето на Основното јавно обвинителство и со 10.000 евра...