Најмалку 22 луѓе загинаа во невреме кое ги зафати островите во централниот дел на Филипини.
Силната и голема бура проследена со обилни дождови предизвикала поплави и одрони во регионите Бикол о осточен Висајас.
Службата за вонредни ситуации наведува дека поголем дел од смртните случаи се предизвикани од одроните и давење во поплавите. Најмалку 16 луѓе загинале во Бикол, а шест во источен Висајас.
Над 22.000 луѓе ги напуштиле домовите пред доаѓањето на бурата која уништила оризови и пченкарни полиња.
Филипините се островска држава во Југоисточна Азија. Главен град е Манила.Во земјата живеат 88,5 милиони жители,по податоците од 2007та година.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.