
Живот
Настани
Големи немири избувнаа вчера во јужниот шведски град Малме. Повеќе од 300 луѓе излегле на протест по акцијата на екстремно десничарските активисти коишто го запалиле Куранот, соопшти полицијата.
Насилството избувна откако активисти од крајно десничарскиот Радикален курс вчера попладне ја запалија муслиманска света книга во населба населена претежно со мигранти и објавија видео на палењето на Интернет.

Дневниот весник „Афтонбладет“ објави дека вчера имало неколку антиисламски активности во Малме, меѓу кои и тројца мажи кои го шутирале Куранот на јавен плоштад.
Повеќе од 15 лица се уапсени, а неколку полицајци се полесно повредени.
Полицијата соопшти дека тие биле уапсени под сомнение за поттикнување омраза кон една етничка група.
Бунтовниците синоќа запалиле огнови и со разни предмети фрлале кон полицијата и припадниците на спасувачките служби.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.