Македонија
Вести
Денеска се откажани дури 400 летови додека пилотите и членовите на екипажот се борат за повисоки плати сигурна пензија па дури и бесплатна вода за пиење во авионот.
Синдикатите на работниците во Германија – Ирска – Шведска и Белгија најавија дека ќе ги приземјат авионите на 24 часа.
Нивните барања се повисоки плати и подобри работни услови.
“Сакаме да покажеме дека стоиме зад нашите барања. Во следните недели и месеци предвидувам повеќе штрајкови кои може да бидат и спонтани.” – изјавил Инголф Шумахер еден од пилотите во компанијата.
Со штрајкот во текот на летната сезона ќе бидат погодени повеќе од 55.000 патници. Најмногу од нив во Германија 42.000.
На патниците управата на авиопревозникот им нуди бесплатна промена на терминот на летот или враќање на парите. Дополнителни обештетувања нема да има.
Пред две недели поради штрајкови во Италија – Шпанија – Португалија и Белгија “Рајанер” беше принуден да откаже скоро 600 летови со околу 50 илјади патници.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.