Движејќи се на автопат од Гевгелија во правец кон Скопје, возачот забележал дека е следен од полициски службеници. Во обид да побегне, тој се префрлил на совозачкото седиште, ја отворил вратата и скокнал на автопатот додека возилото се движело. По инерција комбето продолжило да се движи следните 40 метри, а потоа се превртило и паднало во провалија со длабочина од 14 метри. Во несреќата со повреди се здобиле сите 33 патници мигранти, меѓу кои неколкумина се малолетници. Повредените, од кои дел со особено тешки повреди, се пренесени со медицински екипи во најблиските здравствени установи во Неготино и Кавадарци.

Објавил: Валерија Петрова | 19 јули, 2019 19:52

ХАОС НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА – Повредени 33 лица кај Прилеп

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Триесет и три мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Демир Капија-Прилеп.

Сообраќајката се случила на местото викано Прждески споменик, на потегот меѓу Демир Капија и Прилеп, соопшти Јавното обвинителство.

Според првичните информации, возачот, 24-годишен велешанец, ги превезувал мигрантите во комбе марка „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во сопственост на лице од Арачиново.

Повредени 33 мигранти, се превртело комбето во кое се превезувале

Движејќи се на автопат од Гевгелија во правец кон Скопје, возачот забележал дека е следен од полициски службеници. Во обид да побегне, тој се префрлил на совозачкото седиште, ја отворил вратата и скокнал на автопатот додека возилото се движело. По инерција комбето продолжило да се движи следните 40 метри, а потоа се превртило и паднало во провалија со длабочина од 14 метри. Во несреќата со повреди се здобиле сите 33 патници мигранти, меѓу кои неколкумина се малолетници. Повредените, од кои дел со особено тешки повреди, се пренесени со медицински екипи во најблиските здравствени установи во Неготино и Кавадарци.

Возачот, како што наведуваат во соопштението, кој откако скокнал од возилото паднал во провалија се здобил со тешки телесни повреди и поради нивната сериозност е пренесен на скопските клиники.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во континуитет ги презема потребните дејствија за целосно расчистување на настанот.​

Јавен обвинител и екипа на МВР вршат увид на местото на несреќата.

Хирурогот Дано Кулев од кавадаречката болница за МИА потврди дека во болницата се донесени девет лица.

-Осум мигранти се во кавадаречката болница со скршеници набиеници и други повреди од кои двајца се потешко повредени, потврдува хирург од хируршко одделение доктор Дано Кулев

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

,,Мислам дека ако не излезеше написот на Геровски, никогаш, ама баш никогаш немаше да биде уапсен Боки, никогаш немаше да биде откриена аферата ,,Рекет“.

ЛУПЕВСКА: “Ако не излезеше написот на Геровски, никогаш немаше да биде откриена аферата ,,Рекет”

Лупевска призна дека добила покана Бојан Јовановски, таа и нејзината екипа од емисијата...

Организациите на македонската дијаспора за 8 Септември најавуваат протести пред македонските амбасади во Камбера и Париз.

БОЈКОТ: Maкедонската дијаспора во Австралија се подготвува за бојкот на празнувањето на 8 Септември!

Нема да присуствуваме на традиционалната церемонија на кревање на македонското знаме...