Рамуш Харадинај, поранешниот премиер на Косово, преку статус на социјалната мрежа Фејсбук, изјави дека ќе им помогне на семејствата на осудените во случајот Диво Насеље за вооружените престрелки во Куманово.
Харадинај рече дека тие чекаат да се донесе конечна одлука, за членовите од случајот Куманово да се екстрадираат во Косово.
– Се сретнав вечерва, во знак на внимание за нашите момци, со роднините на затворениците од случајот Кумано. Ние ќе продолжиме да бидеме со нивните семејства, чекајќи ја правда во Северна Македонија целосно да го расчисти случајот, така што повторно ќе ги истражи сите околности. Им потврдив на нив дека веднаш штом ќе се донесе конечната одлука, ние ќе го искористиме правото според договорот со соседната држава, да нашите синови казната да ја издржуваат во Косово, стои на Фејсбук статусот на Харадинај.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.