По потпишувањето на Договорот Харадинај изјави дека неговата и партијата на Ахмети денеска „успеаја да ги обединат најдобрите експертизи за една развојна програма за земјата“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 август, 2019 23:19

Харадинај и Ахмети потпишаа договор за предизборна коалиција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), премиерот во оставка Рамуш Харадинај и претседателот на Социјалдемократската партија на Косово (ПСД), градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети попладнево потпишаа Договор за заеднички настап на нивните партии на предвремените избори што есенва треба да се одржат во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

По потпишувањето на Договорот Харадинај изјави дека неговата и партијата на Ахмети денеска „успеаја да ги обединат најдобрите експертизи за една развојна програма за земјата“.

– Денеска сме поподготвени да ги преземе одговорностите по изборите. Имаме две пораки денеска: политичка зрелост и надеж за земјата, изјави Харадинај, порачувајќи дека коалицијата останува отворена за евентуални нови партнери за заеднички настап на изборите.

Од трите партнери во досегашната владејачка коалиција, како добредојдени за соработка за наредните избори Харадинај ги спомна Социјалдемократската иницијатива (Нисма) и Алијансата ново Косово (АКР) на потпретседателите на Владата во оставка Фатмир Лимај и Беџет Пацоли, додека ја изостави Демократската партија на Косово (ПДК) на собранискиот спикер Кадри Весели.

Лидерот на ПСД, Ахмети, потврди дека е постигнат договор за заеднички настап со ААК и информира дека носител на коалициската изборна листа и кандидат за иден премиер ќе биде Харадинај.

– Во оваа битка ние денеска ги обединивме силите за победа на избори со заедничка програма за водење на Владата. Се согласивме да се натпреваруваме со една изборна листа, чиј носител и кандидат за премиер ќе биде Рамуш Харадинај. Деталите за заедничката листа ќе се објават подоцна, меѓутоа местата во неа за нас се од второстепено значење, изјави Ахмети, кој исто така ги повика Нисма и АКР да се приклучат на коалицијата. (МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека бил принуден да се обрати на јавноста по, како што наведува, многубројните лажни вести за него и неговото семејство

Вицето: смешно е мене да ме поврзувате со рекет, јас сум честит човек!

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека...

Тој во допис за медиумите вели дека бил принуден да се обрати до јавноста по лажните вести кои акко што вели доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ а се контролирани од Никола Груевски. 

Сакаат да ни наштетат, ниту јас, ниту брат ми не сме вмешани во “Рекет”- по два дена молчење се огласи Вице Заев

Откако во медиумите пред два дена одекна веста дека Вице Заев и поранешниот премиер...

Туку тој станува државен рекет каде што премиерот и неговиот брат се вмешани. Два дена имаме целосен молк од Зоран Заев и Вице Заев за фактот дека остварувале средби и се координирале со главните учесници во рекетот Катица Јанева и веќе осудениот за „Рекет“, Зоран Милевски Кичеец. Два дена имаме целосен молк од  Зоран Заев и Вице Заев.

“Два дена молк од Зоран Заев и Вице Заев- бегаат од одговорите што разговарале со осомничените во случајот „Рекет“

Прес конференцијата денеска е продолжение на вондредната прес конференција пред два...

Таа сведочеше за убиството на четирите момчиња и рибарот на Смилковскоро езеро и рече дека дел од информациите кои пристигнале до неа биле издржани, но дел и веднаш отфрлани.

Јанкуловска сведочи за „Монструм“: Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка биле причина за убиството?

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска сведочеше...