Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на својот Фејсбук профил објави дека повеќе не постои граница меѓу Република Косово и Република Албанија.

Објавил: admin@magazin | 30 декември, 2018 10:07

ХАРАДИНАЈ : “Нема повеќе граница помеѓу Косово и Албанија”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај објави на својот Фејсбук профил дека од „денеска меѓу Република Косово и Република Албанија не постои граница“.

Рамуш Харадинај ова го објави вчера по церемонијата што се одржа по повод потпишувањето на спогодбата меѓу владите на Косово и Албанија за подигање на единствен граничен премин меѓу двете земји.

– Тоа што некогаш беше граничен премин на Косово, не постои веќе, сосема е отстрането. Не очекува и развојот на другиот дел од потребните договори и протоколи, за да не се запираат возилата, односно тука ќе се запира само по некое возило заради потребните рутински процедури, изјави Харадинај на граничниот премин Морина.

Харадинај бил обвинет од правосудните органи во Србија за воени злосторства за време на војната во Косово, поради што е издадена меѓународна потерница по него. Врз основа на тоа, кон крајот на 2016 година, Харадинај бил уапсен во Франција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.