
Свет
Балкан
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по седницата на Владата, изјави дека “нема голема потреба и брзање” за формирање на војска на Косово.
Харадинај нагласи дека законите за трансформација на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во војска на Косово се доставени до Собранието и ќе се следат предвидените процедури.
Во врска со законите, тие се во собраниските комисии. Тоа се редовни процедури. Не се брзаме. Ќе ги поминат процедурите во прво, второ и трето читање, се додека да им дојде редот за гласање. – изјави Харадинај.
Косовскиот премиер истакна и дека членот на неговиот Кабинет, Абељард Тахири од редовите на Демократската партија на Косово (ПДК), кој вчера понуди оставка и натаму е министер за правда, иако не присуствуваше на денешната владина седница.
Абељард се уште е министер. Се уште не е конечна неговата оставка. Како што ќе одлучи ПДК, така ќе биде. Абељард е почитуван министер во Владата. За други имиња не знам. Право на ПДК е да прави освежувања во своите редови. – изјави Харадинај, нагласувајќи дека “министрите се политички именувани, односно ги именуваат политичките партии”.
Харадинај додаде и дека не добил оставка од Тахири.
Претходно во текот на денот, претседателот на ПДК и претседател на Собранието на Косово, Кадри Весели порача дека за смените на министрите од редовите на неговата партија нема да одлучува никој друг освен него и ПДК.
Медиумите шпекулираат дека Весели, со притисокот врз Тахири и неговото евентуално разрешување, има намера да се ослободи од кадрите во сопствената партија кои се под силно влијание на основачот на ПДК и претседател на Косово, Хашим Тачи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.