Во Брисел, потенцираат дека главната задача на новиот специјален претставник на ЕУ ќе биде продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 април, 2020 18:44

ХАРАДИНАЈ УДРИ ЖЕСТОКО ПО ЕУ: Албанците не можат да го сокријат бесот поради вашата одлука!

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај оцени дека Европската унија го забавува процесот назначувајќи го Мирослав Лајчак за специјален претставник за дијалогот Белград-Приштина.

– ЕУ во фаза на големото финале и водечката улога на САД го забавува процесот – напиша Харадинај на својот профил на Твитер.

Советот на ЕУ вчера го назначи Мирослав Лајчак за специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан.

Во Брисел, потенцираат дека главната задача на новиот специјален претставник на ЕУ ќе биде продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Вршителот на должност претседател на косовската влада Албин Курти изјави дека одредени политичари во Србија и Косово посакуваат конфликт во косовскиот север, со цел да го реализираат планот за размена на територии меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Има високи политичари во Белград кои сакаат конфликт во Косово, посебно северно од Ибар. Меѓутоа има и високи политичари и официјални лица и во Приштина кои сакаат конфликт во Косово, посебно северно од Ибар. Нивниот проект за размена на територии кога би се реализирал би предизвикал нови конфликти и крвопролевања.

Сега сакаат конфликти и крвопролевања на терен за да се вратат на размената на територии, односно на поделбата на Косово, порача Курти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

- Тајно одењето во просторијата за прислушување и исклучување на безбедносните камери е сериозно кривично дело и тие мора да се соочат со правдата - рече Тачи.

ХАЧИМ ТАЧИ НЕМИЛОСРДЕН: Албин Курти е НАРКО-ДИЛЕР, местото му е во ЗАТВОР!

Косовскиот претседател Хашим Тачи го обвини „техничкиот премиер“ Албин Курти дека...

Таа на Фејсбук изјави дека албанските вооружени сили биле ангажирани за време на пандемијата.

АЛБАНСКИ ВОЈНИЦИ ЗА ПРВ ПАТ НА КОСОВО: Единицата за посебни операции ќе служи во рамките на КФОР!

Албанската министерка за одбрана, Олта Џжака, денеска објави дека албанските воени...

Ѓуриќ прецизираше дека лекарите и медицинските сестри се запрени вчера на административниот премин Мердаре, иако офицерот за врска веќе го најавил нивното пристигнување.

НЕВИДЕН СКАНДАЛ: Властите во Приштина им забранија на српските лекари да влезат во Косово!

Властите во Приштина спречија 20 српски лекари и медицински сестри да влезат во Косово...