Дечко од Хонгконг, на Фејсбук потпишан како Harry Ng, преку објава во групата „Expats and Foreigners in Macedonia“, бара помош.

Објавил: Македонка Димкин | 21 октомври, 2019 16:18

Хари од Хонгконг: Ве молам за помош ја барам девојката што ја запознав во Охрид!!!!!

Фото/Текст извор: ©Expats and Foreigners in Macedonia

Дечко од Хонгконг, на Фејсбук потпишан како Harry Ng, преку објава во групата „Expats and Foreigners in Macedonia“, бара помош. Неговата објава ви ја пренесуваме во продолжение:

Здраво на сите, јас сум од Хонгконг. Го посетив Охрид на 7 октомври. Црквите, езерото, времето, тој е прекрасен град. Но, една мала случка го направи мојот впечаток за Охрид уште понезаборавен.

Еве што се случи.

Харри од Хонгконг

Околу 11:30 часот, одев кон местото за ручек со други учесници од турата. Одеднаш, една девојка ми побара да се сликаме. Најпрво се шокирав, но реков ок и ова е фотографијата.

Бидејќи бев далеку зад групата, само и кажав чао, и ти благодарам. Не ја прашав за контакт информации.

Ако ја познавате девојката на оваа фотографија, можете ли да ми помогнете да се поврзам со неа?

Ако не ја познавате, но сметате дека ова е интересно, ќе ценам ако можете да ми помогнете што повеќе да се рашири оваа објава!

Фала за читањето! Ако се случи чудо, ќе ве известам сите!

Фејсбук објавата и дечкото можете да ги најдете ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Мојата цел е да ја истакнам важноста на одредени проблеми, кои не беа истакнати, и би сакала да бидам пример со дејствувањето – рече Ѓоргиевска.

Пендаровска: Јас лично не ја претпочитам титулата Прва дама, ја избришав од веб-страницата на Претседателот

Јас лично не ја претпочитам титулата Прва дама, затоа што отсекогаш верував во еднаквост...

Прeку Свoитe ангeли Бoг гo oбјавил раѓањeтo на Исак oд бeздeтната Сара, и на Самсoн oд бeздeтниoт Манoј и нeгoвата жeна, и на Јoван Прeтeча oд бeздeтнитe Захарија и Eлисавeта.

ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА: Денеска е зачнување на Свети Јован Крстител!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 септември. Денеска е Зачнување...