Македонија
Вести
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, предмалку објави дека хеликоптерите тргнале кон Пехчево, за да го гаснат пожарот.
-По извршеното извидување од страна на посадата на нашиот армиски хеликоптер, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно 5 хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар, напиша Ангелов на фејсбук.
Ангелов истакна дека и тој се наоѓа во еден од хеликоптерите.
Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пожарот како и процесот на гаснење од воздух, вели Ангелов.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.